Прехранбен минерал

(Пренасочено од Диететски минерал)

Прехранбени минерали (минерални хранливи материи) — хемиски елементи неопходни за сите живи организми кои, покрај четирите постојани елементи јаглерод, водород, азот и кислород, се присутни во повеќето органски молекули.

Според редоследот на нивното присуство во човечкото тело има седум главни минерали: калциум, фосфор, калиум, сулфур, натриум, хлор и магнезиум. Важни елементи кои се наоѓаат во траги, а се неопходно потребни за животот на цицачите се: железо, кобалт, бакар, цинк, молибден, јод и селен.

Над дваесет минерали се од суштинско значење за цицачите и уште неколку други кои се потребни за различни форми на живот на Земјата. Вкупниот број минерали што е апсолутно неопходен не е познат за ниту еден организам. Познато е дека се потребни ултра мали количини на некои минерали (на пр. бор, хром), но нивната прецизна биохемиска природа е непозната, додека за други (на пр. арсен, силициум) се претпоставува дека се важни, но за тоа нема докази.

Повеќето минерали што влегуваат во диеталната физиологија на организмите се состојат од едноставни соединенија на хемиски елементи. Поголемите агрегати на минерали мора да се разложат во процесот на апсорпција. Растенијата апсорбираат растворени минерали во почвата, кои потоа ги користат тревопасните животни, а минералите понатаму се пренесуваат преку синџирот на исхрана. Поголемите организми можат исто така да консумираат почва (геофагија) и соли, со што се обезбедуваат минерали недостапни во храната.

Бактериите играат суштинска улога во атмосферското дејство врз карпите што резултира со ослободување на хранливи материи потребни за нивната исхрана, како и за исхрана на други учесници во еколошкиот синџир на исхрана. На пример, минералот кобалт е достапен во исхраната на животните само откако бактериите ќе го вклучат во комплицирани молекули, како што е витамин Б12 .

Есенцијални хемиски елементи за цицачите

уреди

Според некои извори постојат шеснаесет хемиски елементи кои се неопходни за одржување на човечките биохемиски процеси и кои имаат структурни и функционални улоги, како и се електролити.[1] Според другите извори постојат 26 елементи (вклучувајќи водород, јаглерод, азот и кислород).[2] Многу други елементи немаат сè уште доволно истражена функција. Повеќето диетални елементи имаат релативно мала атомска тежина и се со значителна застапеност:

Периоден систем на елементи со означени есенцијални елементи:

H   He
Li Be   B C N O F Ne
Na Mg   Al Si P S Cl Ar
K Ca Sc Ti V Cr Mn Fe Co Ni Cu Zn Ga Ge As Se Br Kr
Rb Sr Y Zr Nb Mo Tc Ru Rh Pd Ag Cd In Sn Sb Te I Xe
Cs Ba * Lu Hf Ta W Re Os Ir Pt Au Hg Tl Pb Bi Po At Rn
Fr Ra ** Lr Rf Db Sg Bh Hs Mt Ds Rg Cn Uut Fl Uup Lv Uus Uuo
 
  * La Ce Pr Nd Pm Sm Eu Gd Tb Dy Ho Er Tm Yb
  ** Ac Th Pa U Np Pu Am Cm Bk Cf Es Fm Md No
Четири основни органски елементи Елементи во големи количини Суштински расеани елементи Предложена функција заснована на биохемија, но без идентификувана биолошка функција кај луѓето

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Nelson, David L.; Michael M. Cox (15 февруари 2000). Lehninger Principles of Biochemistry, Third Edition (3 Har/Com. изд.). W. H. Freeman. стр. 1200. ISBN 978-1-57259-931-4.
  2. Ultratrace minerals, Nielsen, Forrest H. USDA, ARS, Modern nutrition in health and disease, editors: Maurice E. Shils ... et al.. Baltimore : Williams & Wilkins, c1999, pp. 283–303. Issue Date: 1999

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди