Децентрализација на Република Македонија
Со распадот на СФРЈ, со декрет на претседателот Киро Глигоров и со конзенсус на сите политички партии во тоа време, извршена е централизација на власта. Ова централизирање е изведено со цел да се овозможи целосна контрола на територијата на Република Македонија и да се осигура нејзиниот суверенитет. Во интервјуто од 2000 година дадено за неделникот ФОКУС, Претседателот на Република Македонија, дава објансување за оваа одлука: "Во тоа време се плашевме од поединците во некои делови во Македонија кои заговараа формирање на етнички енклави, автономија на Струга и Тетово и нивно припојување кон Косово и Албанија, во Куманово се појавија српски радикали кои бараа автономија од Скопје. Тука ја видовма опасноста и се одлучивме за централизиран систем на Власт, со кој требаше да биде обезбеден територијалниот суверенитет на државата". Подоцна се случија неколку измени во законите за децентрализација кои беа донесени во Република Македонија. Значителни измени се донесени после усвојувањето на Охридскиот рамковен договор.
Опфат на децентрализацијата
уредиИнституциите опфатени со децентрализцијата се: 356 основни училишта, 81 средно училиште, 48 организации од областа на културата, четири домови за стари лица, детски градинки. Според податоците на Заводот за статистика на Република Македонија (www.stat.gov.mk) било предвидено 26.395 вработени во јавните институции да бидат префрлени на локално ниво: 9.078 од основните училишта, 6.654 од средните училишта, 556 од културните организации и 107 од домовите за стари лица. Покрај тоа, околу 30.000 државни службеници биле префрлени во локална надлежност, заедно со 270 вработени во владините министерства - 117 од Министерството за финансии, 126 од Управата за јавни приходи и 27 од Министерството за образование.
По стапувањето насила на законот за урбанизам бил обелоденет бројот на вработените во Министерството за транспорт и врски предвидени за ангажирање во општините. Вкупно 742 пожарникари од Министерството за внатрешни работи биле префрлени во надлежност на 29 регионални противпожарни служби и во Скопје. До 2007 година, платите на професорите во основните и средните училишта, како и учителките и воспитувачките во предшколските институции и во институциите на културата се покривале од државниот буџет.
Владата на Република Македонија донела програмата за децентрализација според која бил подготвен и пакет закони (Деталните забелешки и амандмани за пакетот закони се наоѓаат на мрежното место на Собрание на Република Македонија (www.sobranie.mk)) Програмата за спроведување на процесот на децентрализација 2004-2007 е документ што ги следи стратешките определби за реформата на локалната самоуправа и процесот на децентрализација. Програмата директно се надоврзува на Оперативната програма за децентрализација 2003-2004, сконцентрирана на создавање на нормативни предуслови за пренесувањето на надлежностите од централно на локално ниво. Програмските активности се однесуваат на трансферот на надлежности, вработени, средства за работа и имот од централно на локално ниво и на зајакнување на капацитетите на општините за успешно преземање на пренесените надлежности. Во Програмата е утврдена и потребата од натамошна комуникација на процесот, вршење на надзор и мониторинг над остварувањето на пренесените надлежности. Оваа програма е проследена со Акционен план за нејзина реализација, што обезбедува преглед на активностите за остварување на програмските цели.
Реформата на локалната самоуправа има за цел да обезбеди локална демократија, стабилност, ефективни јавни услуги и економски развој.
Целите на реформата на локалната самоуправа ќе се остваруваат преку:
- Јакнење на демократските институции на локално ниво;
- Бладеење на правото;
- Обезбедување на јавни услуги на локално ниво;
- Механизми на инспекција и контрола што ќе гарантираат транспарентн- ост и подеднаков третман на граѓаните во користењето на јавните услуги;
Клучни сегменти
уредиКлучни сегменти во реформата на локалната самоуправа се:
- Децентрализација на власта
- Фискална децентрализација
- Територијална организација
- Јакнење на капацитетите на општините
Со реформата на локалната самоуправа ќе се зајакнат фискалниот капацитет, капацитетот на човечки ресурси и политичкиот капацитет на општините, за:
- Обезбедување ефективни јавни услуги на локално ниво;
- Развој и одржливост на локалните економии, создавање на можности за вработување и можност за развој на претприемништвото;
- Развој на транспарентна и одговорна администрација, на локално ниво;
- Обезбедување на инструменти преку кои граѓаните ќе можат да вршат влијание во донесувањето на одлуките за прашања од локално значење;
- Да станат партнери на централната власт и да се подготват за ЕУ-интеграцијата на локално ниво;
За да се постигнат овие цели, Владата на Република Македонија:
- Утврди нова територијална организација на локалната самоуправа, со цел општините да имаат капацитет делотворно да ги остваруваат пренесените функции и одговорности;
- Обезбеди стабилна правна рамка за финансирање на единиците на локалната самоуправа;
- Делотворно го комуницира тековниот процес на децентрализација до клучните целни групи и јавноста;
- Заедно со општините и меѓународната заедница ги развива човечките ресурси, техничкиот и финансискиот капацитет на општините за остварување на пренесените функции и надлежности;
- Ќе им помага на општините да се подготват за ЕУ-програмите за,,пред- пристапување и,,после пристапување;
- Ќе ја поддржува и потпомага меѓуопштинската соработка со цел да се осигура ефикасно, делотворно и правично обезбедување услуги за граѓаните;
- Ќе го помага процесот на ЕУ-интегрирање на ниво на локална самоуправа;
- Ќе продолжи да работи во партнерство со општините на локалниот економски развој;
- Ќе продолжи да го поддржува и потпомага развојот на е(лектронско)-владеење;
- Ќе развива механизми следење на општините во остварувањето на пренесените функции;
- Ќе ги зајакне и развива сопствен капацитет за координирање на тековниот процес на пренесување на надлежности, на финансиски и на човечки ресурси, и имот на општините;
Реформата на локалната самоуправа во Република Македонија не се соочува само со вообичаените проблеми што ги следат ваквите сложени реформи, туку се соочува и со проблемите кои се специфични за земјите во транзиција.Реформата не може да се спроведе без да се земе предвид поширокиот контекст на економската состојба во земјата.
Динамика на процесот на децентрализација
уредиВо 2002 година бил донесен Законот за локална самоуправа со кој се дефинирале надлежностите на општините. Така, според овој закон, „општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење.“[1]
Спроведувањето на процесот на децентрализација во Македонија започнал со т.н. „нулта фаза“ односно фазата во која се обезбедиле минимум неопходните капацитети за финансиско управување од страна на општините; потоа следела првата фаза, во која било предвидено преземање на имотот и обврските во со врска децентрализираните надлежности; и втората фаза, во која општините ги презеле надлежностите за донесување одлуки во врска функционирањето на буџетските корисници.
Наводи
уреди- ↑ Закон за локалната самоуправа, Службен весник на Република Македонија, бр.05/2002.