Деспина (месечина)

Деспина (или Нептун V) — трета по близина месечина на планетата Нептун. Наречена е по митската нимфа Деспина, ќерка на Посејдон и Деметра.

Деспина
Поглед на Деспина од „Војаџер 2“
Откривање
ОткривачСтивен Синот[1] и стручњаци за слики на „Војаџер“
Откриенојули 1989
Ознаки
Наречена по
нимфата Деспина
Орбитални особености[2][3]
Епоха 18 август 1989
52 525,95  км
Занесеност0,00038 ± 0,00016
0,33465551 ± 0,00000001 ден.
Наклон
  • 0,216 ± 0,014° (кон Нептуновиот екватор)
  • 0,06° (кон месната Лапласова рамнина)
Месечина наНептун
Физички особености
Димензии180×148×128 км[4][5]
Среден полупречник
78,0 ± 4,7 км[3]
Зафатнина~1,8×106 км2
Маса~2,2×1018 кг
(според претпоставена густина)
Средна густина
~1,2 г/см3 (проц.)[6]
~&100000000000000260000000,026 м/с2[a 1]
~0.063 км/с[a 2]
синхрон
нула
Албедо0,09[4][6]
Температура~51 K (средна проц.)
22,0[6]

Откривање

уреди

Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. од сликите направени од вселенската сонда „Војаџер 2“ истата година. Добила привремена назнака S/1989 N 3.[7] Откритието е објавено на 2 август 1989 г., со тоа што датумот на откривање е некаде пред 28 јули. Името го добила на 16 септември 1991 г.[8]

Физички особености

уреди

Деспина има пречник од 152 км.[9] Има неправилен облик и не покажува знаци на геолошка видоизменетост. Веројатно станува збор за куп од шут насобран од парчиња од првичните месечини на Нептун, нарушени со растројувањата предизвикани од Тритон набргу по неговиот зафат во многу занесена почетна орбита.[10]

Орбита

уреди

Орбитата на Деспина е блиску до, но вон онаа на Таласа и во почетниот дел на Леверјеовиот прстен, со улога на предводечка месечина[11] Бидејќи исто така е сместена под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, Деспина постепено се завува навнатре, што се должи на плимното забрзување и може со време да навлезе во планетарната атмосфера, или пак да се распарчи во планетарен прстен откако ќе ја премине Рошовата граница под дејство на плимно истегнување.

Белешки

уреди
  1. Повшринската гравитација е изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: Gm/r2.
  2. Втората космичка брзина е изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: 2Gm/r.

Наводи

уреди
  1. Planet Neptune Data http://www.princeton.edu/~willman/planetary_systems/Sol/Neptune/
  2. Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.
  3. 3,0 3,1 Showalter, M. R.; de Pater, I.; Lissauer, J. J.; French, R. S. (2019). „The seventh inner moon of Neptune“ (PDF). Nature. 566 (7744): 350–353. Bibcode:2019Natur.566..350S. doi:10.1038/s41586-019-0909-9. PMC 6424524. PMID 30787452. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-22. Посетено на 2021-04-18.
  4. 4,0 4,1 Karkoschka, Erich (2003). „Sizes, shapes, and albedos of the inner satellites of Neptune“. Icarus. 162 (2): 400–407. Bibcode:2003Icar..162..400K. doi:10.1016/S0019-1035(03)00002-2.
  5. Williams, Dr. David R. (2008-01-22). „Neptunian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). Посетено на 2008-12-13.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 2008-10-24. Посетено на 2008-12-13.
  7. Marsden, Brian G. (August 2, 1989). „Satellites of Neptune“. IAU Circular. 4824. Посетено на 2011-10-26.
  8. Marsden, Brian G. (September 16, 1991). „Satellites of Saturn and Neptune“. IAU Circular. 5347. Посетено на 2011-10-26.
  9. „Where Are You From? - Credo Reference“. search.credoreference.com (англиски). Посетено на 2017-02-12.
  10. Banfield, Don; Murray, Norm (October 1992). „A dynamical history of the inner Neptunian satellites“. Icarus. 99 (2): 390–401. Bibcode:1992Icar...99..390B. doi:10.1016/0019-1035(92)90155-Z.
  11. „Despina | astronomy“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-11-08.

Надворешни врски

уреди