Десетти Километар
Десетти Километар (грчки: Μοσχοχώρι, Мосхохори; до 1962 г. Δέκατο Χιλιόμετρο, Декато Хилјометро[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 462 жители (2021).
Десетти Километар Μοσχοχώρι | |
---|---|
Споменик во селото | |
Координати: 40°16′N 22°24′E / 40.267° СГШ; 22.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Локово |
Надм. вис. | 110 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 462 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 10 км западно од градот Катерина, крај патот ЕО13 (Катерина - Еласона), на надморска височина од 110 м.[3]
Историја
уредиСелото е подигнато по крајот на Граѓанската војна од грчки бегалски семејства. За првпат се спомнува во пописот од 1961 г. кога е заведено со 62 жители.[3] Во 1962 година, името на селото било променето во Мосхохори (Μοσχοχώρι).[2] Во 1971 г. броело 452, во 1981 г. 511, а во 1991 г. 464 жители.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 470 | 452 | 511 | 464 | 500 | 516 | 462 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
уреди- Основно училиште
- Детска градинка
- Амбуланта
- Аптека
Самоуправа и политика
уредиВо 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал 7 квадратни километри.[3] Општината Десетти Километар била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Десетти Километар, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 4 мај 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 271.