Ден на народните просветители
Денот на народните просветители (бугарски: Ден на народните будители) е официјален бугарски празник, кој се слави секоја година на 1 ноември. На него се почитува споменот на бугарските просветни дејци и револуционери. Како празник, за првпат бил предложен во 1922 година и тогаш се предложило 1 ноември да биде Ден на бугарските народни просветители. Пловдив бил првиот бугарски град кој го прославил Денот на народните будители на 1 ноември 1909 година. По нов стил тоа е денот на кој се слави Свети Јован Рилски , за кого се смета дека е заштитник на бугарскиот народ, кој е и патрон на бугарските будители.
Од 1945 година празникот е укинат и повторно станал државен празник на 28 октомври 1992 година. За најпопуларни бугарски народни просветители се сметаат Свети Паисиј Хилендарски, Григориј Цамблак, Константин Костенечки, Владислав Граматик, Матеј Граматико, Свети Јован Рилски, Васил Левски, Христо Ботев, Иван Вазов, Неофит Бозвели, Неофит Рилски, Георги Раковски, Љубен Каравелов, Петар Берон, Добри Чинтулов и други.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бунтoт на бугарскиот дух Архивирано на 2 ноември 2010 г. од Велиана Христова.
- Народни бугарски просветители Архивирано на 16 декември 2009 г.