Демографија на Грузија

Под демографски особености на населението на Грузија ги подразбираме прирастот на населението, густина на населеноста, етничка припадност, степенот на образованост, здравјето, економскката состојба, вероисповедта и други параметри.

Вкупно население со (сино) и без (црвено) Абхазија и Јужна Осетија, во милиони

Демографски тежнеења

уреди

Од стекнувањето на независноста наваму, фемографската состојба во Грузија, како и кај другите поранешни советски републики (особено Естонија и Латвија) се одликува со намалување на населението и значаен пораст на застапеноста на грузиската националност. Помеѓу 1989 и 2002 г. бројот на етнички Грузијци се зголемил за цели 10 процентни бодови — од 73,7% на 83,7% од населението.[1]

Во советскиот период и во првите години на независноста, бројот на населението постепено се зголемувал, искачувајќи се од под 4 милиони во 1950-тите до 5,5 милиони во 1992 г..[2] По ова, бројноста почнала да опаѓа, намалувајќи се на 4,5 милиони во 2005 г.[3] Тука се вброени и сепаратистичките области Абхазија и Јужна Осетија, чие население во истата година е проценето на 178.000 односно 49.200. Без нив, населението на сите територии под грузиска власт во 2005 г. изнесувало 4.321.500, а во 2008 г. се накачило на 4.382.100 жители[4].

Отселување

уреди

Грузија важи за една од земјите со највеќе иселувања во светот согласно извештајот на Светската банка од 2007 г. На пописот во 2002 г. е утврдена загуба на 1,1 милиони жители, или 20% од населението во споредба со почетокот на 1990-тите.[5] Ова се должи на потрегата по работа и опаѓањето на родноста.[6] Од стекнувањето на независноста до денес, од Грузија се иселиле 300.000 Руси, 200.000 Грузијци, 200.000 Ерменци, 85.000 Грци, 50.000 Азери, 50.000 Украинци и 20.000 Евреи.

Основен преглед

уреди

Родени и починати

уреди

Цела земја

уреди
Просечно население (x 1000) Живородени1 Починати1 Природна промена1 Бруто-родност (на 1000) Бруто-смртност (на 1000) Природна промена (на 1000) Плодност
1950 3 527 82 900 27 000 55 900 23,5 7,7 15,9
1951 3 585 86 800 26 900 59 900 24,2 7,5 16,7
1952 3 646 85 700 26 600 59 100 23,5 7,3 16,2
1953 3 710 87 200 26 300 60 900 23,5 7,1 16,4
1954 3 775 91 400 26 000 65 400 24,2 6,9 17,3
1955 3 840 92 500 25 700 66 800 24,1 6,7 17,4
1956 3 904 89 800 26 500 63 300 23,0 6,8 16,2
1957 3 967 89 700 27 000 62 700 22,6 6,8 15,8
1958 4 031 93 100 27 400 65 700 23,1 6,8 16,3
1959 4 095 98 300 27 400 70 900 24,0 6,7 17,3
1960 4 160 102 866 27 015 51 866 24,7 6,5 18,2 2,65
1961 4 224 104 429 27 621 53 429 24,7 6,5 18,2 2,65
1962 4 291 101 717 30 394 51 717 23,7 7,1 16,6 2,63
1963 4 357 100 326 29 620 51 326 23,0 6,8 16,2 2,62
1964 4 420 97 433 29 708 48 433 22,0 6,7 15,3 2,62
1965 4 478 94 987 31 291 46 987 21,2 7,0 14,2 2,60
1966 4 531 92 026 30 389 44 026 20,3 6,7 13,6 2,57
1967 4 577 89 302 32 904 42 302 19,5 7,2 12,3 2,53
1968 4 619 89 660 32 416 43 660 19,4 7,0 12,4 2,52
1969 4 662 87 069 35 169 41 069 18,7 7,5 11,2 2,45
1970 4 706 90 207 34 283 45 207 19,2 7,3 11,9 2,62
1971 4 753 90 396 35 325 45 396 19,0 7,4 11,6 2,61
1972 4 798 86 402 36 409 41 402 18,0 7,6 10,4 2,53
1973 4 837 88 577 35 911 44 577 18,3 7,4 10,9 2,58
1974 4 876 89 761 37 145 45 761 18,4 7,6 10,8 2,59
1975 4 908 89 712 39 292 45 712 18,3 8,0 10,3 2,52
1976 4 940 90 605 38 875 46 605 18,3 7,9 10,4 2,52
1977 4 972 89 028 40 139 45 028 17,9 8,1 9,8 2,33
1978 4 990 88 766 40 239 45 766 17,8 8,1 9,8 2,31
1979 5 017 89 803 41 907 47 896 17,8 8,4 9,5 2,34
1980 5 056 89 458 43 346 46 112 17,6 8,6 9,1 2,26
1981 5 086 92 501 43 961 48 540 18,1 8,6 9,5 2,29
1982 5 117 91 784 42 734 49 050 17,9 8,4 9,6 2,25
1983 5 151 92 660 43 301 49 359 18,0 8,4 9,6 2,20
1984 5 184 95 841 45 787 50 054 18,5 8,8 9,7 2,24
1985 5 218 97 739 46 153 51 586 18,7 8,8 9,9 2,27
1986 5 250 98 155 46 354 51 801 18,7 8,8 9,9 2,26
1987 5 300 94 595 46 332 48 263 17,8 8,7 9,1 2,19
1988 5 367 91 905 47 544 44 361 17,1 8,9 8,3 2,13
1989 5 413 91 138 47 077 44 061 16,8 8,7 8,1 2,15
1990 5 439 92 815 50 721 43 895 17,1 9,3 8,1 2,29
1991 5 460 89 091 52 416 36 675 16,3 9,6 6,7 2,07
1992 5 408 72 631 55 076 17 555 13,4 10,2 3,2 1,72

1Податоците за родени и починати до 1959 г. се проценки.

Без Абхазија и Јужна Осетија

уреди

Без Абхазија и Јужна Осетија

уреди
Просечно население (x 1000) Живородени1 Починати1 Природна промена1 Бруто-родност (на 1000) Бруто-смртност (на 1000) Природна промена (на 1000) Плодност
1993 4 854 55 594 56 270 −676 11,5 11,6 −0,1 1,48
1994 4 862 57 311 50 516 6 795 11,8 10,4 1,4 1,52
1995 4 734 56 341 47 609 8 732 11,9 10,1 1,8 1,54
1996 4 616 55 000 47 136 7 864 11,9 10,2 1,7 1,55
1997 4 532 54 000 47 575 6 425 11,9 10,5 1,4 1,60
1998 4 487 51 526 47 321 4 205 11,5 10,5 0,9 1,41
1999 4 453 48 695 47 184 1 511 10,9 10,6 0,3 1,44
2000 4 418 48 800 47 410 1 390 11,0 10,7 0,3 1,51
2001 4 386 47 589 46 218 1 371 10,8 10,5 0,3 1,44
2002 4 357 46 605 46 446 159 10,7 10,7 0,0 1,42
2003 4 329 46 194 46 055 139 10,7 10,6 0,0 1,41
2004 4 318 49 572 48 793 779 11,5 11,3 0,2 1,55
2005 4 321 46 512 40 721 5 791 10,7 9,3 1,3 1,38
2006 4 401 47 795 42 255 5 540 10,8 9,6 1,2 1,44
2007 4 394 49 287 41 178 8 109 11,2 9,4 1,8 1,47
2008 4 382 56 565 43 011 13 554 12,9 9,8 3,1 1,66
2009 4 385 63 377 46 625 16 752 14,4 10,6 3,8 1,86
2010 4 436 62 585 47 864 14 721 14,1 10,8 3,3 1,83
2011 4 469 58 014 49 818 8 196 12,9 11,1 1,8 1,70
2012 4 497 57 031 49 348 7 683 12,7 11,0 1,7 1,68
2013 4 483 57 878 48 553 9 325 12,9 10,8 2,1 1,73
Извор:[7][8]

Етнички групи

уреди

Најброен народ во земјата се Грузијците, со 84% од населението (2002). Соодносот во 2002 г. бил многу повисок од претходно, бидејќи најголемиот дел од Абхазија и половина Јужна Осетија не биле под власта на грузиската држава и затоа не се вброени. Поради ова, застапеноста на Осетите и Абхазите на пописот била многу мала (0,9% односно 0,1%).

Население на Грузија според етнички групи (1926–2002)
Етничка
група
19261 19392 19593 19704 19795 19896 2002
Број % Број % Број % Број % Број % Број % Број %
Грузијци 1.788.186 66,8 2.173.922 61,4 2.600.588 64,3 3.130.741 66,8 3.433.011 68,8 3.787.393 70,7 3.661.173 83,8
Азери 137.921 5,2 188.058 5,3 153.600 3,8 217.758 4,6 255.678 5,1 307.556 5,7 284.761 6,5
Ерменци 307.018 11,5 415.013 11,7 442.916 11,0 452.309 9,7 448.000 9,0 437.211 8,1 248.929 5,7
Руси 96.085 3,6 308.684 8,7 407.886 10,1 396.694 8,5 371.608 7,4 341.172 6,3 67.671 1,5
Осети 113.298 4,2 147.677 4,2 141.178 3,5 150.185 3,2 160.497 3,2 164.055 3,0 38.028 0,9
Језиди 2.262 0,1 12.915 0,4 16.212 0,4 20.690 0,4 25.688 0,5 33.331 0,6 18.329 0,4
Курди 7.955 0,3 2.514 0,1
Понтски Грци 54.051 2,0 84.636 2,4 72.938 1,8 89.246 1,9 95.105 1,9 100.324 1,9 15.166 0,3
Украинци 14.356 0,5 45.595 1,3 52.236 1,3 49.622 1,1 45.036 0,9 52.443 1,0 7.039 0,2
Абхази 56.847 2,1 57.805 1,6 62.878 1,6 79.449 1,7 85.285 1,7 95.853 1,8 3.527 0,1
Асирци 2.904 0,1 4.707 0,1 5.005 0,1 5.617 0,1 5.286 0,1 6.206 0,1 3.299 0,1
Евреи 30.389 1,1 42.300 1,2 51.582 1,3 55.382 1,2 28.298 0,6 24.795 0,5 2.333 0,1
останати 65.961 2,5 58.711 1,7 37.015 0,9 38.665 0,8 39.690 0,8 50.502 0,9 18.766 0,5
Вкупно 2.677.233 3.540.023 4.044.045 4.686.358 4.993.182 5.400.841 4.371.535
1 Извор: [1]. 2 Извор: [2]. 3 Извор: [3]. 4 Извор: [4]. 5 Извор: [5]. 6 Извор: [6].

Јазици

уреди

грузиски 71% (службен), азерски 6,5%, ерменски 5,7%, останати 4,0% (во кои руски, апхаски и осетски),

Напомена: апхаскиот е службен јазик во делумно признаената држава Абхазија.

Вероисповед

уреди

Грузиска православна црква 82,1%, ислам 9,9%, Ерменска апостолска црква 5,7%, Католицизам 0,8%, Јудаизам 0,1%, останати 1,4% (2002)[9]

Демографски податоци за 2012 г. според Светската книга на факти на ЦИА

уреди

Следниве статистички податоци се преземени од Светската книга на факти на ЦИА[10]

Старосен состав: :

  • 0–14 г.: 16.9% (машки 401,3/женски 359,8)
  • 15–64 г.: 69.4% (машки 1.509,8/женски 1.610,8)
  • 65 и повеќе год.: 13.7% (машки 232,7/женски 383,2) (2012)

Средна возраст:

  • вкупна: 39,1 г.
  • машки: 36,6 г.
  • женски: 41,6 г. (проц. за 2011 г.)

Прираст на населението:

  • -0,327% (проц. за 2012 г.)

Полов сооднос:

  • новороденчиња: 1,11 машки/женски
  • под 15 г.: 1,15 машки/женски
  • 15–64 г.: 0,94 машки/женски
  • 65 и повеќе год.: 0,66 машки/женски
  • вкупно население: 0,91 машки/женски (проц. за 2012 г.)

Смртност кај новороденчињата:

  • вкупно: 14,68 случаи/1.000 живородени
  • машки: 16,58 случаи/1.000 живородени
  • женски: 12,59 случаи/1.000 живородени (проц. за 2012 г.)

Животен век:

  • вкупно население: 74,5 г.
  • машки: 70,2 г.
  • женски: 78,6 г. (проц. за 2012 г.)

Вкупна плодност: 1,71 деца/жена (проц. за 2012 г.)

ХИВ/СИДА

  • застапеност кај возрасните: lпомалку од 0,1% (проц. за 2007 г.)
  • заболени од ХИВ/СИДА: 2,700 (проц. за 2007 г.)
  • смртни случаи: помалку од 200 (проц. за 2003 г.)

Писменост: (над 15 г. возраст)

  • вкупно население: 100%
  • машки: 100%
  • женски: 100% (проц. за 2004 г.)

Прираст на населението по региони

уреди
Извор: Статистика Грузија: Население по региони
Година 2003 2004 2005 2006 Промена во родените 2003 2004 2005 2006 2003 2004 2005 2006 2003 2004 2005 2006 2003 2004 2005 2006
Регион Родени Родени Родени Родени Родени BR 03 BR 04 BR 05 BR 06 Починати Починати Починати Починати DR 03 DR 04 DR 05 DR 06 PGR 03 PGR 04 PGR 05 PGR 06
Тбилиси 16,808 12,317 12,794 13,773 (-18.06%) 15.58 11.42 11.85 12.48 12,597 12,424 11,164 12,454 11.67 11.52 10.34 11.29 0.39% (-0.01%) 0.15% 0.12%
АР Абхазија NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA NA
АР Аџарија 4,092 5,716 4,711 4,637 13.32% 10.96 15.44 12.63 12.29 2,405 3,017 3,020 2,609 6.44 8.15 8.1 6.92 0.45% 0.73% 0.45% 0.54%
Guria 1,165 1,431 1,432 1,343 15.28% 8.2 10.28 10.32 9.64 1,923 1,963 1,746 1,479 13.53 14.1 12.59 10.62 (-0.53%) (-0.38%) (-0.23%) (-0.10%)
Имеретија 6,348 7,717 6,717 7,131 12.33% 9.14 11.18 9.75 10.19 8,143 9,756 6,490 7,797 11.72 14.14 9.42 11.14 (-0.26%) (-0.30%) (0.03%) (-0.10%)
Кахетија 2,787 3,655 3,366 3,840 37.78% 6.9 9.11 8.42 9.49 4,652 5,527 4,005 4,189 11.52 13.77 10.02 10.35 (-0.46%) (-0.47%) (-0.16%) (-0.09%)
Мцхета-Мтијанетија 903 1,514 1,298 1,165 29.01% 7.25 12.36 10.6 9.36 1,480 1,701 1,332 1,237 11.88 13.89 10.87 9.94 (-0.46%) (-0.15%) (-0.03%) (-0.06%)
Рача-Лечхуми и Долна Сванетија 202 327 376 235 16.34% 4.02 6.58 7.66 4.79 798 991 700 632 15.9 19.94 14.26 12.87 (-1.19%) (-1.34%) (-0.66%) (-0.81%)
Мегрелија-Горна Сванетија 3,652 3,817 4,408 4,421 21.06% 7.86 8.27 9.53 9.35 4,803 3,682 4,193 3,892 10.34 7.98 9.07 8.23 (-0.25%) 0.03% 0.05% 0.11%
Самцхе-Џавахетија 2,142 2,836 2,303 2,113 (-1.35%) 10.39 14 11.32 10.13 2,143 2,208 1,706 1,604 10.39 10.9 8.38 7.69 0.00% 0.31% 0.29% 0.24%
Долен Картли 3,568 6,407 5,148 5,856 64.13% 7.23 13.05 10.41 11.54 3,424 3,561 3,086 3,354 6.94 7.25 6.24 6.61 0.03% 0.58% 0.42% 0.49%
Внатрешен Картли 4,527 3,835 3,959 3,281 (-27.52%) 14.58 12.42 12.81 10.45 3,687 3,963 3,279 3,008 11.87 12.83 10.61 9.58 0.27% (-0.04%) 0.22% 0.09%
Вкупно 46,194 49,572 46,512 47,795 3.47% 10.64 11.49 10.76 10.86 46,055 48,793 40,721 42,255 10.61 11.31 9.42 9.6 0.00% 0.02% 0.13% 0.13%

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Richard H. Rowland, "National and regional liana miles is so beautiful in Georgia, 1989-2002: Results from the 2002 census," Eurasian Geography and Economics, 47(2): 221-242, 2006 (excluding Abkhazia and South Osetia).
  2. Статистички годишници на Грузиската ССР, Државна комисија за статистика, Тбилиси.
  3. Статистички годишник на Грузија за 2005 г.: Население, Табела 2.1, стр. 33, Национална статистичка служба, Тбилиси (2005)
  4. Статистика Грузија: Население по региони
  5. Извештај на Светската банка: Грузија Архивирано на 10 февруари 2018 г.. Граѓанска Грузија. 16 јануари 2007
  6. Дали Грузијците ќе станат малцинство во сопствената земја?
  7. Демографски годишнициООН
  8. GEOSTAT
  9. Попис на населението 2002: Вероисповед — Статистика Грузија, Тбилиси
  10. Грузија — Светска книга на факти Архивирано на 16 октомври 2015 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди