Самцхе-Џавахетија

Самцхе-Џавахетија (груз -სამცხე-ჯავახეთი) е регион во јужна Грузија, со Ахалцихе како главен град.Таа има 6 административни дистрикти: Ахалцихе, Адигени, Аспинѕа, Бојроми, Ахалкакаки и Ниноцминда. Вкупно има 268 села во целиот регион. Се граничи со Гурија и Имеретија на север, Внатрешна Картли и Долна Картли) на североисток и исток, Ерменија и Турција на југ, Аџарија на запад. Тука има и големи наоѓалишта на гас.

Самцхе-Џавахетија

სამცხე-ჯავახეთის მხარე
Samtskhe-Javakhetis mkhare

of Samtskhe-Javakheti within Georgia
of Samtskhe-Javakheti within Georgia

Генерални информации
Регионален ISO 3166 код: GE-SJ
Површина: 6.413 км²
Население: 160,504 (2014)
Невработеност: 4,6%[1]
Сиромаштија: 60%[2]
Просечна плата: $46 месечно[3]
Административна поделба: 6 региони
Главен град: Ахалцихе
Губернатор: Бесик Амиранашвили

Демографија

уреди

Според пописот од 2014 етничките Ерменци, се мнозинство во регионот со 50.5% од вкупното население. Останатите се претежно Грузијци 48.3%.[4] Религијата која 96% доминира е христијанството, од кои ерменците се припадници на самостојната Ерменска Апостолска Црква 39.95%, а грузијците на Грузиската Православна Црква 45.24%.[5]

Туристички атракции

уреди

Најголема туристичка атракција во овој регион е областа Варѕија која датира од 8 век со пештерни цркви и манастири. Тие се наоѓаат во близина на градот Аспинѕа.

Белешки

уреди
  1. „Investment Guide to Georgia :: Samtskhe-Javakheti“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-02-12.
  2. „Investment Guide to Georgia :: Samtskhe-Javakheti“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-02-12.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2012-12-09. Посетено на 2012-12-09.
  4. Ethnic composition of Georgia 2014
  5. georgia-religion2014

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди