Девџели

поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија

Девџели — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.

Девџели
Девџели is located in Грција
Девџели
Девџели
Местоположба во областа
Девџели во рамките на Пајонија (општина)
Девџели
Местоположба на Девџели во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°10.7′N 22°38.56′E / 41.1783° СГШ; 22.64267° ИГД / 41.1783; 22.64267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало северно од Ругуновец, близу границата со Р Македонија. Преку границата се атарот на Стојаково и вонградското подрачје на Богданци. Лежиело на јужното подножје на планината Карабалија.

Историја

уреди

На почетокот на XX век Девџели било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Девџели (Девеџелиј) имало 300 жители Турци.[1]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. вели дека Девеџели се состои од 50 турски куќи.[2]

Денес топонимот опостојува на тоа место, и се протега од обете страни на границата под варијантите „Девџели“, „Девџелиско Брдо“[3] и „Довџелии“[4].

Наводи

уреди
  1. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
  2. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 31.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. Растер топокарта 1:25 000, Дистрибутивен геопортал (OSSP), Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија