Агенција за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија претставува управна организација на Владата на Македонија, која се занимава со вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, управувањето со геодетско-катастарскиот информациски систем, како и воспоставувањето, одржувањето и јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторните податоци. Од август 2017 година, директор на АКН е м-р Борис Тунџев.

Агенција за катастар на недвижности
Лого на агенцијата
Податоци за органот
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 919[1] (2015)
Раководител Борис Тунџев
Мрежно место
katastar.gov.mk


Штипски геодети (период од 1910-1920)

Историја

уреди

Со Одлука на Владата на Народна Република Македонија, објавена на 14 јули 1947 година е формирана Геодетскатa управа на Народна Република Македонија.[2] Во 1967 година со Одлука на Владата на Народна Република Македонија, Геодетската управа е преименувана во Републичка геодетска управа, како самостоен орган на управа во рамките на државната управа. Во 1977 година, со цел да се зголеми продуктивноста и ефикасноста во извршувањето на управните и оперативни работи, со Решение на тогашниот Извршен совет, била извршена реорганизација на Републичката геодетска управа и, во согласност со реорганизацијата, поголемиот дел од вработените во Републичката геодетска управа се прераспоредени во новоформираниот Завод за геодетски и фотограметриски работи. Со формирањето на Заводот за геодетски и фотограметриски работи, Републичката геодетска управа продолжува да ги извршува управните работи од областа на законодавството во републичката соработка со републиките во тогашна Југославија, во меѓународна соработка, во донесувањето годишни и петгодишни програми за премер, финансирање на основните геодетски работи, надзор и контрола на извршените оперативни геодетски работи, архивирање и дистрибуција на геодетските планови и карти, како и други тековни работи. Во 1989 година, со Одлука на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија, Заводот за геодетски и фотограметриски работи повторно е интегриран во Републичката геодетска управа, која, покрај управните, со измените ги извршува и оперативните геодетски работи. Воедно, со оваа Одлука сите 30 катастарски канцеларии од општинско (локално) ниво преминуваат во надлежност на Републичката геодетска управа, односно на републичко ниво. Во 2002 година, со Законот за организација и работа на органите на државна управа, Републичката геодетска управа е преименувана во Државен завод за геодетски работи, кој продолжува како нејзин правен следбеник.[3]

Во 2005 година со измените и дополнувањата на Законот за премер, катастар и запишување на правта на недвижностите, воведена е приватната геодетска пракса за вршење на оперативните (теренски) геодетски работи од премерот, во вид на јавни овластувања. Во 2008 година, со новиот Закон за катастар на недвижности, Државниот завод за геодетски работи продолжува да работи како Агенција за катастар на недвижности, како негов правен следбеник.[4]

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2015 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-28. Посетено на 2017-03-17.
  2. Службен весник на НРМ” број 25/1947
  3. „Закон за организација и работа на органите на државната управа (измена 2002)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2012-03-19.
  4. Решение на Владата на Македонија за именување членови на Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности, бр. 33-2022/6 од 6 мај 2008 година

Надворешни врски

уреди