Алкален метал

група хемиски елементи

E Алкалните метали содржат во последното енергетско ниво по еден електрон во s-орбиталата. Таквата електронска конфигурација е причината за нивните карактеристични општи својства. Слично како кај благородните гасови, овие елементи се јавуваат по определен број елементи периодично. Периодичноста се јавува по 8, 8, 18, 18, 32 елементи.

Реакција на натриумот со вода (во присуство на фенолфталеин)

Алкалните метали се составни елементи во групата 1, а тие во периодниот систем се: Литиум(Li), Натриум(Na), Калиум(K), Рубидиум(Rb), цезиум(Cs) и франциум(Fr). Водородот иако номинално припаѓа на првата група тој многу ретко се однесува како алкалните метали. Алкалните метали даваат најдобри примери во групата за својствата во периодниот систем со квалитетното однесување на одликите на хомологните групи.

Својства уреди

Алкалните метали се многу реактивни и никогаш не е пронајден случаен примерок во природата. Како резултат на тоа во лабароториите се зачувани под минерално масло. Тие се , исто така имаат светла боја и ниска точка на топење и вриење. Калајот и рубидиумот поседуваат слаби радиоактивни одлики (безбедни) порати присуството на долгото траење на радиоактивните изотопи. Елементите од првата група во периодниот систем (Li, Na, K, Rb, Cs и Fr) имаат слични хемиски својства и се познати како алкални метали. Некои од нивните основни хемиски својства се следниве:

Z Елемент Eлектрони
1 Водород (H) 1
3 Литиум (Li) 2,1
11 Натриум (Na) 2,8,1
19 Калиум (K) 2,8,8,1
37 Рубидиум (Rb) 2,8,18,8,1
55 Цезиум (Cs) 2,8,18,18,8,1
87 Франциум (Fr) 2,8,18,32,18,8,1

Алкалните метали имаат среберена боја (цезиумот има златеста боја), тие се меки, метали со мала густина, кои се спремни да реагираат со халогени јонски соли и водата во вид на јаки алкални (основни) хидроксиди. Овие елементи имаат само еден електрон во нивната најоддалечена орбита, па затоа лесно се оддава електронот и се постигнува стабилана електронска конфигурација и формираат позитивен електричлен полнеж т. е. катјон.

Водородот, со еден електрон обично е сместен на почетокот на првата група во периодниот систем, но тој не се смета за алкален метал, туку како гас.Отстранувањето на еден електрон бара многу поголема енергија отколку оддавањето на надворешен електрон кај алкалните метали. Како во халогената група само еден додаден електрон е потребен за да ја исполни најоддалечената група од атомот на водородот, така водородот може во некои прилики да се однесува како халоген елемент, формирање на негативни јони на хидрит. Под голем притисок, како што е пронајден во јадрото на Јупитер, водородот не станува метал и се однесува како алкален метал.

Електронската конфигурација на алкалните метали:

Елемент Електронска конфигурација Атомски број
Литиум (Li) [He]: 2s1 3
Натриум (Na) [Ne]: 3s1 11
Калиум (K) [Ar]: 4s1 19
Рубидиум (Rb) [Kr]: 5s1 37
Цезиум (Cs) [Xe]: 6s1 55
Франциум (Fr) [Rn]: 7s1 87

Алкалните метали имаат најнизок јонизирачки потенцијал во нивниот период како и отфрлање на еден електрон од последнта орбита која им дава конфигурација на стабилен инертен гас. Другте јонизирачки потенијали се многу високи кога оддават електрон од нив и имаат конфигурација на благороден гас. Алкалните метали се познати за нивните енергетски реакции со водата. Реакцијата со водата е прикажана на следниов начин: Алкални+вода →хидроксиди+водород

Како на пример со калај:

2K (s) + 2H2O (l) → 2KOH (aq) + H2 (g)


Некои хемиски својства на алкалните метали се прикажани во табелата:

Алкални метали (u) Атомска маса Точка на топење (K) Точка на вриење (K) Густина (г•см−3) Електронегативност
Литиум (Li) 6,941 453 1615 0,534 0,98
Натриум (Na) 22,990 370 1156 0,968 0,983
Калиум (K) 39,098 336 1032 0,89 0,82
Рубидиум (Rb) 85,468 312 961 0,79 0,82
Цезиум (Cs) 132,905 301 944 1,93 0,79
Франциум (Fr) (223) 295 950 1,87 0,70