Енергетско ниво
Енергетското ниво е ниво на кое се наоѓаат одредени орбитали кои имаат еднаква вредност за главниот квантен број n. Секоја вредност на n е соодветна на определено енергетско ниво (слој): K, L, M, N, O, P и Q. Овие слоеви имаат одредени одлики:
- K - има една орбитала (s) - можат да се сместат највеќе 2 електрона
- L и M - имаат една s и три p орбитали - може да се сместат највеќе 8 електрона
- N и O - имаат една s, три p и пет d - може да се сместат највеќе 18 електрона
- P и Q - имаат една s, три p, пет d и седум f орбитали - може да се сместат највеќе 32 електрона.
Атомите од благородните гасови имаат целосно пополнети енергетски нивоа, што значи дека нивната електронска конфигурација е стабилна. Атомите од другите елементи имаат нецелосно пополнети енергетски нивоа, поради што можат да градат соединенија.