Григориј I (охридски архиепископ)
Григориј I бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1317 до 1334 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Григориј I | |
---|---|
Ракоположен | 1317 |
Службата завршила | околу 1334 |
Претходник | Макариј |
Наследник | Антим Метохит |
Лични податоци | |
Роден | 14 век |
Починал | 14 век |
Други папи наречени Григориј |
За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Во истото време со подигањето на Григориевата припрата, Андроник II и издал на Охридската црква простагма (1312 година), со цел да се подобри материјалната состојба на Архиепископијата. Неговото име се споменува во ктиторскиот натпис од 1317 година во црквата Света Софија во Охрид. Истата катедрала била проширена во негово време со големата припрата. Го преддводел пратеништвото на Андроник II на преговорите со Андроник III (1327 година). Неговите современици Јован Кантакузин и Теодор Метохит за него пишувале со длабока почит. Се пројавил како книжевен деец, продолжувајќи ја традицијата на неговите претходници Теофилакт, Димитриј Хоматијан и Константин Кавасила.[2] Не е познато кога починал или кога ја напуштил архиепископската должност, но најеројатно починал во 1341 година.[1]