Макариј I (охридски архиепископ)
Макариј бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1290 до 1299 година или до 1317 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Макариј I | |
---|---|
Ракоположен | 1290 |
Службата завршила | околу 1317 |
Претходник | Генадиј |
Наследник | Григориј I |
Лични податоци | |
Роден | 13 век |
Починал | 13 век |
Други папи наречени Макариј |
За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Во текот на 1299 година на реката Вардар ги венчал српскиот крал Стефан Милутин и византиската принцеза Симонида.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.