Градот (Горни Дисан)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градот“
| |
Местоположба | 41°22′56″N 22°07′00″E / 41.38222° СГШ; 22.11667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горни Дисан |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Градот — археолошко наоѓалиште во неготинското село Горни Дисан. Претставува опидум од доцноантичко време. Јужно од селото, на околу 2,5 км има висок рид со стрмни вертикални карпи, кој доминира над околниот терен. На самиот врв се наоѓа простор од 4,5 хектари, опкружен со остатоци од одбранбен бедем и кули.
Во внатрешноста на градиштето има остатоци од темели на големи градби (цистерни), а се среќваат и фрагменти од керамички садови, питоси и расфрлен градежен материјал. Најдени се монети од византиските цареви Јустинијан I и Јустин II.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 226. ISBN 9989-649-28-6.