Градиште (Беловиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градиште“
| |
Местоположба | 42°08′03″N 21°06′24″E / 42.13417° СГШ; 21.10667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Беловиште |
Општина | Јегуновце |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште т.е. утврдена населба од доцноантичкото време во тетовското село Беловиште[1][2]. На северозападниот раб на селото се издига висок рид со стрмни падини што доминира над околниот терен. На врвот има остатоци од тврдина со кули и подградие.Според начинот на ѕидањето на бедемот, најнапред била заштитена северната страна, а подоцна јужната. Тврдината има неправилна триаголна основа со димензии од 120 м во правецот север-југ 50 м во правецот исток-запад. Во подградието се распознаваат темели од објекти, а во цитаделата има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, а биле најдени монети од IV и V век.
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |