Горан Станишевски
Горан Станишевски (20 октомври 1980 - 30 јули 2016) — македонски полициски службеник, поранешен воен оператор во специјална единица и граничар. Тој бил убиен по интервенција на пријава за семејно насилство во населбата Средорек во Куманово.
Горан Станишевски | |
---|---|
Роден(а) | 20 октомври 1980 Куманово, тогаш СР Македонија |
Починал(а) | 30 јули 2016 Средорек, Куманово, Македонија | (возр. 35)
Почивалиште | Карпош, Куманово, Македонија 42°09′20″N 21°44′05″E / 42.1555° СГШ; 21.7347° ИГД |
Други имиња | Гошо |
Полициска кариера | |
Орган(и) |
|
Земја | Македонија |
Години во служба | 11 (2005-2016) |
Чин(ови) | Полицаец |
Животопис
уредиРоден е во 1980 година во Куманово. Завршува основно и средно образование.
Воена кариера
уредиСтанишевски е вработен во Министерството за одбрана на 29 ноември 2001 година. Примен е во Баталјон за специјални намени, каде служи до 2005 година.
Полициска кариера
уредиВо 2005 година е вработен во Министерството за внатрешни работи. Работи во станицата во Гошинце, како дел од Регионалниот центар за гранични работи „Север“, а по две години, во 2007 година добива прекоманда во Полициската станица за гранична контрола во Танушевци.
Во 2009 година е преместен во Секторот за внатрешни работи Куманово, каде работи до 2012 година. Тогаш е преместен во Секторот за гранични работи и миграција и работи во единица за прекуграничен криминал.
Година дена подоцна повторно работи во СВР Куманово. До 25 ноември 2013 година работи во главната станица во Куманово со чин полицаец. По две години служба како уличен полицаец, примен е во Посебната единица за поддршка (ПЕП) на СВР Куманово.
Смрт
уредиНа 30 јули 2016 година, околу 21:30 часот кумановската болница пријавила во полицијата дека кај нив повредени биле донесени мајка и ќерка. Откако двајца полициски службеници направиле разговор со жртвите констатирале дека се работи за семејно насилство и се упатиле да се справат со извршителот. На асистенција им била пратена патрола од уште двајца службеници меѓу кои бил и Горан Станишевски. Таткото на осомничениот ги предупредил дека лицето боледува од шизофренија.
Кога пристигнале во домот на осомничениот во ромската населба Средорек во Куманово, околу 22 часот, влегле во куќата каде што бил извршителот. Тој мавнал по нив со огледало и со себе зел кујнски нож. Полицајците констатирале дека треба да се повлечат и додека го правеле тоа, извршителот го прободел Станишевски.[1][2] Горан веднаш бил префрлен во болница, но по кратко време им подлегнал на повредите. Лицето потоа го фрлило ножот и се предало по убедување на татко му.
Лицето кое го прободело Станишевски за време на неговата службена должност, 9 месеци додека бил азилант се лекувал во болница за ментално здравје во Шведска. Кога му било одбиено барањето за азил бил вратен во Македонија и два месеци престојувал во психијатриската болница во Бардовци.[3] Неколку дена пред настанот бил пуштен од болница бидејќи сакал да се оперира поради проблеми со крајниците, меѓутоа самиот побарал да биде вратен во Бардовци кога му се влошила здравствената состојба. Татко му го однел во психијатриската болница, но дежурниот лекар не го примил бидејќи констатирал дека нема индикации за тоа и дека се однесува нормално. Следниот ден извршил семејно насилство и го прободел Станишевски.[4]
Наводи
уреди- ↑ https://sitel.com.mk/ova-bile-poslednite-zborovi-na-ubieniot-policaec-vo-kumanovo
- ↑ https://netpress.com.mk/poslednite-zborovi-na-ubieniot-policaec-probode-noz-vo-grbot-mislam-deka-krvavam/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk
- ↑ https://sdk.mk/index.php/makedonija/kumanovetsot-shto-go-ubi-politsaetsot-se-lekuval-vo-dushevna-bolnitsa-vo-shvedska/
- ↑ http://republika.mk/633861?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk[мртва врска]