Посебна единица за поддршка

Посебна единица за поддршка или Посебна единица на полицијата, скратено ПЕП — специјална единица која се води под Министерството за внатрешни работи.

Посебна единица за Поддршка
ЗемјаМакедонија Македонија
ПрипадностMacedonian Police insignia.png МВР
ВидСпецијална единица
УлогаОсновни задачи:
  • Справување на поголеми нарушувања на јавниот ред и мир
  • Борба против тероризам
  • Надворешна како и внатрешна одбрана
  • Апсење на криминалци и криминални банди
ПрекариПЕП
БиткиМакедонија 2001
Битка во Арачиново
Команданти
Тековен
командант
Митко Чавков

Припадниците на ПЕП се обични полицајци, кои по потреба даваат помош на другите единици како на пример ЕБР, ЕСЗ Тигар, Алфа, Гранична полиција итн.

Критериумот за ПЕП е да се физички спремни, по спремни од останатите обични полицајци. Немаат база, стационирани се во станиците како обични полицајци, по потреба облакаат маскирна униформа и асистираат. Имаат подобра обука од обичните полицајци, но не и иста како на ЕБР, ЕСЗ и Алфа. Главната разлика помеѓу ПЕП и полицијата е што припадниците на ПЕП се физички поспремни од обичните полицајци. Голем дел од припадници кои од ЕБР, ЕСЗ и Алфа кога ќе наполнат стаж, се префрлаат во оваа единица. Дел и од младите поминуваат низ ПЕП.

Историја и задачиУреди

Единицата ПЕП е формирана уште во времето на СФР Југославија. Во воениот конфликт во 2001 година се покажаа доста добро. Во конфликтот ПЕП беа цело време активни, единицата има учествувано во повеќе операции како на пример во ослободувањето на Арачиново. Исто така ја имаа задачата да ја обезбедат липковската брана во време на војната во 2001 година.

Најмногу ги има за прекршоци против јавен ред и мир, односно протести, стадиони, собири, но имаат и тимови за апсење, спровод на лица, ги обезбедуваат возилата на пошта и ја обезбедуваат граничната линија по потреба.

Единица за јавен ред и мир и интервенцииУреди

На 5 јуни 2014 година, официјално е промовирана новата единица за јавен ред и мир и интервенции. Таа е само на подрачјето на Скопје, најголемиот дел единицата се припадници земени од ПЕП од интервентите тимови, во глобала имаат задачи исти како и алфите, со тоа што имаат и задача доколку некаде на територија на РМ има потреба од повеќе сили, да се упатат веднаш, и работат секојдневно. Брои околу 115 души, значи една цела чета.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. "ФОТО: Промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции". Курир. 5 јуни 2014. Посетено на 2014-04-09.