Горан Георгиевски-Мујо

Македонски Бранител и Командант


Горан Георгиевски-Мујо (Куманово, 2 декември 1969 — Куманово, 4 април 2005) — македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“.[1]

Горан Георгиевски-Мујо
2 декември 1969 — † 4 април 2005

Прекар:Мујо
Роден во:Куманово, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:2001 г. — 2003 г.
Чин:Командант на Лавовите
Единици: Лавови
Битки/војни:Војна во Македонија 2001

За многумина е карактеризиран како криминалец. Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни. Мујо работеше во Царина.​ Прекарот Мујо му го дал неговиот дедо, првоборец од Кумановскиот партизански одред. Бидејќи како мал, Горан бил многу ситно и слабо дете,кое постојано негде трчало и паѓало, дедо му на шега му викал дека е како „мујче“. Со оглед на тоа што во Куманово речиси нема човек што нема прекар, децата кои неколкупати го слушнале дедо му како му вика „мујче“, го презеле тоа и го прекрстиле Горан во Мујо. Тој прекар му останал цел живот,а му беше напишан и на крстот.​ Во 1995 година тој и неговите другари излегуваат на протест со црвени баретки и ја поддржуваат македонската национална партија ВМРО ДПМНЕ. Тогашната власт ова го карактеризира како криминал, тие се приведени во полиција и претепани, а на дел од нив им се залепени криминални етикети.​

Нему исто така му има тргнато пик шефот на кумановската полиција и провокациите, обидите да го компромитираат до денешен ден не престанале.​ Од 1995-та тој и неговите истомисленици постојано се вознемирувани од тајните служби. Истата година заминува да живее во Јужна Африка.​​

Поради воените и полициски дезертерства и неодзивање на позив за регрутирање имаше потреба во 2001 година од формирање на антитерористичка единица, која беше наречена Лавови. Системот на регрутација во специјалната полициска единица Лавови беше на основа на доброволци. Во 2001 година, Георгиевски се враќа во Македонија за доброволно да пристапи во оваа единица и да се бори за својата татковина.​ Веројатно на многумина им беше трн во око и во 2004-та, неколку месеци пред својата смрт е ставен на црната список на САД заедно со генералот Горан Стојков.

„Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства, за да се бориме. Во она време во Македонија имаше многу „комити“ и „партизани“ што пееја песни и сечеа вени по кафани. Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееа ни да помислат да отидат. Кога гледаме како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми, срцето ми е некако празно. Се чувствувам повредено и изневерено зашто во оваа наша држава се искривува вистината. Ги гледам луѓето во очи, оние кои не оговараат и напаѓаат, и забележувам дека ми го избегнуваат погледот. Тие се свесни што ни прават, ама не знам дали знаат оти со тоа се омаловажуваат и негираат“

— Горан Георгиевски Мујо за неделното списание Фокус на 27 јуни 2003

На 4 април 2005 година е убиен пред ноќниот клуб „Линка“ во Куманово. Во престрелката во полноќните часови пред ноќниот бар, газдата Горан Стојковски-Линка со 13 куршуми од пиштол го уби Горан Мујо, а во крвавиот инцидент смртно бил застрелан и 22-годишниот придружник на Мујо — Ненад Велковски-Чавка, додека уште три лица од придружбата на Мујо беа потешко повредени. Убиството на Мујо и на Чавка е еклатантен пример на политичка пресметка со остатоците од расформираната единица „Лавови“.[2]

Мујо бил испратен од неколку илјади пријатели од цела Македонија, од Србија и Бугарија. Од Мујо на погребот се збогуваа и многу познати лица од јавниот живот како Тони Михајловски, кој во војната во 2001 беше соборец со Мујо, потоа глумецот Кирил Поп Христов Кили, новинарката и добра пријателка на командантот, Мирка Велиновска, Влатко Стефановски Рамче телохранителот на експремиерот Љубчо Георгиевски. На погребот на Мујо биле дојдени и многу негови пријатели од Србија, за кои кумановската јавност коментираше дека се негови верни другари, бизнис пријатели и „браќа“.

Убиецот на Мујо доби осум години затвор, но поради добро поведение лежел само шест години. Неколку месеци по неговото ослободување, Горан Стојановски - Линка е убиен пред неговата зграда со шест куршуми во главата. Се претпоставува дека се работи за одмазда на убиството на Мујо.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „За едни Робин Худ за други насилник“. Вест. 4 април 2005. Архивирано од изворникот на 2015-04-19. Посетено на 2016-10-10.
  2. „Убиен е Горан Георгиевски - Мујо“. Вечер. 4 април 2005. Архивирано од изворникот на 2016-09-25. Посетено на 2016-10-10.
  3. „Убиен кумановецот Горан Стојковски - Линка“. Дневник. 13 декември 2011. Посетено на 2016-10-10.[мртва врска]