Горан Алачки
Горан Алачки (р. 31 јануари 1965, Пожаревац, Србија, во македонско семејство) — познат македонски хармоникаш и композитор претежно на фолк-музика. Почнал да свири хармоника од својата 7. година. Тој има многу компонирани авторски песни и хитови (Дојди ми Лено на перниче бело, Драган Мијалковски — Валандово фолк-фест 1989), Што за светот што за децата, Меланхолија, Парче од Европа (Тоше Проески — Национален евросонг 2004), и многу ора и други композиции.
Горан Алачки бил член и на групата на Драги Митев (познат кларинетист) „Драги Митев“, а има свирено со многу познати естрадни уметници како што се Влатко Стефановски, Стинг, Елтон Џон, Оливер Драгојевиќ, Џибони, Луис, Адријана и Ирена, и многу други.
Тој е организатор на фестивалот "Фолк Фест Владимирово" кој за прв пат се одржа во 2025 година. На фестивалот настапија доајените на македонската песна: Драган Мијалковски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Наум Петрески, Перо Христов, Виданка Ѓорѓиевска, Нино Величковски и други.
Оваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |