Гобларак (грчки: Μικρό, Микро, до 1927 година Γκομπλαράκι, Гоблараки[1]) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓало во денешната општина Дескати, во областа Западна Македонија.

Гобларак
Μικρό
Гобларак is located in Грција
Гобларак
Гобларак
Координати: 39°57′N 21°36′E / 39.950° СГШ; 21.600° ИГД / 39.950; 21.600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало 30 км југоисточно од градот Гребен, од десната страна на реката Бистрица. Било сместено во атарот на денешното село Дименица, на околу 3 км северозападно од него.

Историја

уреди

Во Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Гобларак е мало грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската каза на Османлиското Царство.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кубларик се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 15 куќи.[2]

Според грчка статистика, во 1910 година во Гоблараки (Γκομπλαράκι) живееле 27 православни Грци.[3]

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година Гобларак влегува во составот на Кралството Грција. Во 1913 година при првото пребројување од новите власти во Γκομπλαράκι се регистрирани 28 жители.[4]

Во 1927 година името на селото е сменето во Микро.

Гобларак постепено опустошува во 1930-тите години,[5] а во 1940-та веќе не се води како одделно село.[6]

Наводи

уреди
  1. http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/10442/170238
  2. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
  3. https://anemi.lib.uoc.gr/php/pdf_pager.php?filename=/var/www/tkl-portal-neo//metadata/f/7/e/attached-metadata-01-0001414/232477.pdf&lang=en&pageno=1&pagestart=1&width=354.24%20pts&height=520.08%20pts&maxpage=124
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. Симовски, Тодор. Атлас на населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1997, с. 16.
  6. http://enota.gr/Dimos_Hasion_Grevenon/go.asp?mnu=13[мртва врска]