Гистав Моро

француски симболистички сликар

Гистав Моро (француски: Gustave Moreau; 6 април 182618 април 1898) — француски симболистички сликар посветен на теми од библиски и митолошки карактер. Имал влијание врз творештвото на симболистичките книжевници.

Гистав Моро
Gustave Moreau
Автопортрет на Гистав Моро (1850)
Роден(а)6 април 1826(1826-04-06)
Париз
Починал(а)18 април 1898(1898-04-18) (возр. 72)
Париз
НационалностФранцузин
ОбразованиеФрансоа Едуар Пико
Познат(а) посликарство
Правецсимболизам

Животопис

уреди

Моро е роден во Париз. Татко му бил архитект, кој благовремено ја препознал дарбата кај сина си, па го пратил да се обучува. Најпрвин учел сликање кај Франсоа Едуар Пико, а потоа се спријателил со Теодор Шасерио, чиј стил влијаел и на неговиот. Во текот на 25 години имал близок, и веројатно љубовен однос со Аделаида Александрина Дире, која ја нацртал на неколку наврати.[1] Прва слика му била „Пиета“, денес сместена во катедралата во Ангулем. На Парискиот салон во 1853 г. ги изложил сликите „Сцена од Песна над песните“ и „Смртта на Дариј“. Истата година зел учество на Светската изложба со „Атињаните со Минотаурот“ и „Мојсеј ги собува сандалите кога ја здогледува Ветената Земја“.

Делото „Едип и сфингата“ претставува едно од првите симболистички слики во историјата на уметноста. Првпат во јавноста е изложена на Парискиот салон во 1864, а денес е дел од редовната збирка на музејот Метрополитен во Њујорк.[2]

Во 1891 г. Моро станал професор на Ликовната академија (École des Beaux-Arts) во Париз каде, меѓу останатите, предавал и на фовистичките сликари Анри Матис и Жорж Руоло. Кај него се школувале и Жил Фландрен, Теодор Палади и Леон Прентамп.

Починал во Париз и погребан е на Монмартрските гробишта.

Во текот на својот творечки живот, Моро изработил над 8.000 слики, акварели и цртежи. Многу од нив се изложени во Националниот музеј „Гистав Моро“ во на улицата Рошфуко (IX округ) во Париз. Музејот е сместен во неговото поранешно ателје и отворен е во 1903 г. По неговите простории честопати шетал писателот Андре Бретон, кој го сметал Моро за предвесник на надреализмот.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Kaplan, Julius (1974). Gustave Moreau. Little Brown & Company. стр. 7, 55. ISBN 0-8212-0628-1.
  2. Winkfield, Trevor (2012). „A Letter to Bryan Osburn from Trevor Winkfield“. The Brooklyn Rail.

Надворешни врски

уреди