Георги Пирински (постариот)
Георги Пирински (постариот) (Банско, Пиринска Македонија, 15 август 1902 - Софија, 7 декември 1992) — еден од водечките активисти меѓу македонската емиграција во Северна Америка помеѓу двете светски војни. Вистинското име му е Георги Николов Зајков.[1] Тој е татко на современиот бугарски политичар Георги Пирински.
Роден на 15 август 1902 година, во Банско, Пиринска Македонија. Во 1923 год. Коминтерната го пратила во САД, каде активно се вклучувa во македонското национално движење. Овде Пирински соработува со илинденскиот војвода од Охридско, Смиле Војданов. Тие двајцата се раководители на Македонскиот народен сојуз, чија цел е ослободување и обединување на Македонија како независна држава на македонскиот народ.
На 24 септември 1948 година бил уапсен поради членување во Комунистичката партија на САД.[2] Бидејќи Пирински не престанал со својата комунистичка активност, во 1951 г. владата на САД го протерува и Пирински се враќа во Бугарија, каде станува виден деец на Бугарската комунистичка партија.
Автор е на мемоарските книги „Двата света во мојот живот“ и „Што видов и преживеав во Америка“.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 554 стр.
- ↑ United States Congress. Committee on Un-American Activities, Report on the American Slav Congress and associated organizations. June 26, 1949, pp. 31-32.
Оваа статија политичар/ка од Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |