Ѓорѓи Динков
Ѓорѓи Костадинов Динков - Динката ( 1839 во Солун, Егејска Македонија, Отоманско Царство — 1876 во Атина, Грција) ― македонски културно-национален деец, учител, учебникар, поет, публицист и општественик.[1]
Ѓорѓи Динков - Динката | ||
Роден | 1839 година Солун, Македонија како дел од Отоманското Царство | |
---|---|---|
Починал | 1876 година Атина, Грција Болест и изнемоштеност. | |
Татко | Константин Држилович | |
Мајка | Велика Држилович |
Животопис
уредиОсновното училиште го завршил во Солун, а потоа две години учел две години во Богословското училиште на Халки, Атина и во Смоленската гимназија во Русија (1859-1860).[1] Во Русија се запознал со идеите на Висарион Белински, Николај Доброљубов и Николај Чернишевски.[2] Рано се поврзал со Димитар Миладинов и Стефан Верковиќ и патува низ Македонија, собирајќи географско-етнографски и фолклорни материјали. Настојувал чичко му Киријак Држилович, да отвори ѝ словенска печатница во Солун, а пак татко му Константин Држилович, интервенирал во Зографскиот манастир да се отвори печатница, во која би се печателе делата на неговиот син.[1]
Се обидел да се приклучи на Македонската легија во Белград, но бил спречен на границата (1862 година). Кореспондирал со Гарибалди, Георги Стојков Раковски и други личности од Европа. Поради вербален напад на султанот одлежал 17 месеци во затвор во Видин (Бугарија), до 2 јули 1863 година. Седум месеци по излегувањето од затвор, бил повторно затворен (февруари, 1863 година), кога бил наклеветен од Грците, како руски шпион и панславист.[2] Во родниот дом во Солун, го отворил првото училиште на народен јазик (1866-1868) ѝ станал основач и настојател на првата црковно-училишна општина.[1]
Објавувал статии за јазикот, географијата и историјата на Македонија во Цариградскиот весник „Македония“ (1867–1868), Учителствувал во Прилеп, Битола и костурското село Загоричани (1869-1871).[1] Во Загоричани негов ученик бил Димитар Благоев, подоцна основач на Бугарската комунистичка партија.[2] Поради воведување на народниот јазик, со употребата на своите учебници и поради неговата будителска дејност во целиот реон, бил претепан од гркоманите и одново затворен во Костур (според едни извори тоа било во 1869,[2] а според други во 1871[1]). Се вратил во Солун, каде повторно бил наклеветен, по што побегнал во Атина каде почнал да соработува со весникот „Еон“. Истормозен и болен, починал во Атина во 1876 година.[1]
Како и Партенија Зографски, така и Динката се залагал за создавање заеднички македонско-бугарски јазик, но со основа на македонскиот говор.[2] Останала непубликувана неговата поезија, како ѝ учебниците „Граматика на македонскиот бугарски јазик“, „Наречие Солунскаго округа“, „Подробна географија на Македонија“ и други, како и монографски описи на градови („Историја на града Негош“) и публицистички прилози („Познај себеси“).[1]
Родословие
уредиДинка | |||||||||||||||||||||||||||||||
Киријак Држилович (? — 1877) | Константин Држилович (? — 1890) | ||||||||||||||||||||||||||||||
Ѓорѓи Динков (1839 — 1876) | Славка Динкова (1848 — 1869) | ||||||||||||||||||||||||||||||
Димитриос Динкас (1876 — 1874) | |||||||||||||||||||||||||||||||
Библиографија
уреди- Андоновски, Христо. 1979. „Семејството Држиловци од Солун“ во: Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата. Скопје: МАНУ.
- Ристовски, Блаже. 1958. „Кирјак Држилович, печатар и преродбеник во половината на XIX век“. Разгледи бр. 1.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 474–475. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 98. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)