Георги Божинов
Георги Божинов е познат македонски академски ликовен уметник - сликар. Роден е на 25 август 1947 година во Струмица, Македонија[1]. Педагошка академија завршил 1972 год. во Скопје кај професорот В. Коџоман. Член е на ДЛУМ и ДСЛУ. Живее и работи во Скопје, Дојран, Охрид, Словенија. Во Словенија работел како професор и предавал ликовна уметност во средно образование.
Георги Божинов | |
---|---|
Националност | Македонец |
Познат(а) по | Сликар |
Најпознати мотиви во делата на Георги Божинов се пејзажи и глетки од Македонија пресликани во многу слики со македонски села, полиња, охридските цркви и манастири, Охридското Езеро и стариот град, а има нацртано и доста портрети. Во своето сликарско творештво има повеќе циклуси по кои е доста познат, меѓу кои „Корени“, „Дојран“, „Жени“. Сликал и повеќе портрети на личности.
Учествувал на повеќе сликарски колонии, меѓу кои: Струмица, Почитељ, Куманово, Врање, Костањевица на Крка, Скопје, Велес, Ниш[2]. Негови дела има во галерии во: Врање, Белград, Титоград, Тузла, Почитељ, Струмица, Метлика, Сликарска работилница “Дојран“ и други места. Организирал повеќе самостојни изложби во Струмица, Скопје, Велес, Србија и Словенија. Неколку години по ред бил главен организатор на ликовната сликарска колонија во Дојран. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции, како во Република Македонија, така и во странство.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОфицијална страница на Георги Божинов Архивирано на 28 септември 2007 г.
Оваа статија за сликар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Георги Божинов“ на Ризницата ? |