Георги Бенковски, роден како Гаврил Груев Хл’тев, (бугарски: Гаврил Груев Хлътев, Копривштица, 21 септември 1843Рибарица, 24 мај 1876) — бугарски револуционер од 19 век и еден од водачите на Априлското востание и апостол на нејзиниот 4-ти револуционерен округ. [1][2][3]

Георги Бенковски
Роден(а)Гаврил Груев Хл’тев
21 септември 1843(1843-09-21)
Копривштица, Османлиска империја (денес Бугарија)
Починал(а)24 мај 1876(1876-05-24) (возр. 32)
Рибарица, Османлиска империја (денес Бугарија)
Причина за смртпогубен со стрелане
Познат(а) поАприлско востание

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Роден околу 1843 година во семејството на малиот трговец и занаетчија Грујо Хл’тев, Бенковски бил роден во раздвижениот подбалкански град Копривштица и имал две сестри, Куна и Василија.[4] Поради сиромаштија по завршувањето на трето одделение Бенковски морал да го напушти училиштето и да се оспособи за терзија за да преживее. Незадоволен од својата работа, тој станал станал трговец на шајак и заедно со еден пријател заминал за Анадолија да ги продава своите производи, со голем успех. Десет години Бенковски живеел во различни градови на Ориентот, вклучувајќи ги Цариград, Смирна и Александрија, занимавајќи се со различни професии. Неговите подоцнежни приказни ја опишуваат неговата работа како телохранител на персискиот конзул, тврдејќи дека неговата униформа била толку убава, луѓето мислеле дека тој е самиот конзул. Во текот на своите патувања, Бенковски научил седум странски јазици до степен на основна компетентност: арапски, отомански турски, грчки, италијански, полски, романски и персиски.

Револуционерна дејност

уреди

Бенковски се вклучил во револуционерните активности на Бугарскиот револуционерен централен комитет (БРЦК) по средбата со Стојан Заимов во Букурешт, Романија; се запознал и со револуционерните и демократски идеи на Васил Левски и Христо Ботев. Во летото 1875 година, тој се приклучил на групата револуционери кои имале намера да го запалат Константинопол и да го убијат султанот Абдулазиз.

Во Цариград му бил даден францускиот пасош на полскиот емигрант, Антон Бенковски, чие презиме го усвоил како псевдоним; подоцна го променил своето име во Георги. Полјакот Антон Бенковски бил антируски револуционер кој се обидел да го убие рускиот гувернер на Варшава и морал да отслужи доживотна казна затвор на Сахалин. Антон Бенковски успеал да побегне во Јапонија, каде што добил пасош и од каде побегнал во Отоманската Империја. Во Дијарбакир, Полјакот се сретнал со Стојан Заимов и го заменил неговиот француски пасош за пет турски лири и помошта за стекнување отомански пасош.

Георги Бенковски првично бил избран за помошник на Панајот Волов во организацијата на 4-ти Панаѓурски револуционерен округ на Априлското востание, но поради неговата жестина и лидерски квалитети Волов доброволно му ја препуштил функцијата главен апостол на Бенковски.[5] Благодарение на делото на Бенковски, востаничките подготовки најдобро се развиле во Панаѓурскиот округ.

Кога на 20 април 1876 година предвреме избувнало Априлското востание во Копривштица, Бенковски бил во блиското Панаѓуриште заедно со повеќето други апостоли. Откако слушнал дека има борби во Копривштица, Бенковски формирал одред од над 200 луѓе и отишол да им помогне на востаниците. Неговиот одред бил познат како „Летечката чета“ (бугарски: Хвърковата чета) бидејќи неуморно го обиколувал целиот регион, мобилизирајќи многу востаници и играјќи важна улога во борбите. На четата дури и се придружиле шестмина Хрвати од Далмација и Германецот Албрехт, сите работници на железничката станица Белово.[6] Еден од Хрватите, Стефан Далматинец, отишол да стане последниот знаменосец на четата. Во неа се приклучила и една жена: Марија Иванова-Сутиќ, Бугарка сопруга на хрватски железнички работник.[7]

Во пресрет на задушувањето на востанието, Бенковски и преживеаните членови на четата (Стефан Далматинец, Захари Стојанов и отец Кирил) се упатиле кон Тетевенскиот Балкан. На 24 мај (на 12 мај по нов стил) 1876 година, локацијата на четата била предадена од локален овчар, а револуционерите биле нападнати од заседа од страна на османлиска стража. Бенковски бил застрелан во месноста Костина кај селото Рибарица додека минувал речен мост. Тој потоа бил обезглавен; главата му била испратена во Ботевград, а потоа во Софија. Настаните биле документирани од Захари Стојанов и објавени во неговите Белешки за бугарските востанија; авторот бил единствениот од четворицата кој успеал да побегне.

Наводи

уреди
  1. Stoyanoff, Zachary (1913). Pages from the Autobiography of a Bulgarian Insurgent. Преведено од Potter, M.W. London: Edward Arnold. Посетено на 16 September 2018 – преку Internet Archive.
  2. „Report by Mr. Baring on the Bulgarian Insurrection of 1876“. The London Gazette. Бр. 24365. 19 September 1876. стр. 5117–5118.
  3. Crampton, R. J. (2005). A Concise History of Bulgaria (2nd. изд.). Cambridge, New York, Melbourne, Madrid, Cape Town, Singapore, São Paolo: Cambridge University Press. стр. 78–80.
  4. Stoyanoff, Zachary (1913). Pages from the Autobiography of a Bulgarian Insurgent. Преведено од Potter, M.W. London: Edward Arnold. стр. 213. Посетено на 18 September 2018 – преку Internet Archive.
  5. MacDermott, Mercia (1962). A History of Bulgaria 1395–1885. New York: Frederick A. Praeger. стр. 247. Посетено на 22 June 2021 – преку Internet Archive.
  6. Стоянов, Захари. Четата на Бенковски в Петрич, Еледжик, Сестримо и Белово. Записки по българските въстания [Notes on Bulgarian Uprisings] (бугарски). Литературен клуб. Посетено на 2008-10-05.
  7. Откриване на паметник на Мария Сутич в Пазарджик [Opening of the monument of Maria Sutich in Pazardzhik]. Dir.bg (бугарски). Посетено на 2008-10-04.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Harris, David (1939). Britain and the Bulgarian horrors of 1876. Chicago: University of Chicago Press. стр. 15–17.
  • Бакалов, Георги; Милен Куманов (2003). „БЕНКОВСКИ, Георги (истинско име: Гаврил Груев Хлътев) (между 1841 и 1842-12.V.1876); "ХВЪРКОВАТА ЧЕТА" на Бенковски“. Електронно издание "История на България" (бугарски). София: Труд, Сирма. ISBN 954528613X.
  • „Георги Бенковски“ (бугарски). Копривщица. Посетено на 2008-10-04.
  • Георги Бенковски — буен красавец с мистичен ореол [Georgi Benkovski — Spirited beauty with mystical aura] (бугарски). Е-нциклопедия. 2006-04-20. Архивирано од изворникот на 2007-12-08. Посетено на 2008-10-04.