Терзија — занаетчија кој се занимавал со кроење, шиење и украсување на стари граѓански, народни носии. Мајсторите на терзискиот занает шиеле различни делови од облеката од материјали како што се чоја, кадифе, атлас, а облеката ја украсувале со свилени гајтани, реси, светки и срма.[1]

Битолчанка во староградска носија, браќа Манаки

За занаетот

уреди

Терзискиот занает е од ориентално потекло, за што сведочи потеклото на зборот. Зборот терзија доаѓа од персискиот збор „derzi“ или турски „terzi“ што значи кројач.[2]

Поради сличноста на нивните занаети, често доаѓале во судир. Подоцна, со опаѓањето на двата занаети, тие меѓусебно си помагале, па облеката што би ја сошиле абаџиите ја украсувале терзиите.

Со прифаќањето на граѓаните да носат сè повеќе европски облеки, потребата за производите од терзиите се намалувала.

Терзиите ги шиеле следните делови од облеката: антерија, долама, машки гунчиња, џамадан, минтан, мисараба, тозлук, елек, џубе, либаде, кумош, турак, шалвари,. . .[3]

Ткаенините што ги користеле терзиите за изработка на носии биле само делумно домашни. Обично била индустриска и занаетчиска стока од Исток, или подоцна фабричка стока од Запад: чоја, кадифе, атлас, кумаш, шамалаја, ќитабија. За украсување на разни облеки се користеле разни видови гајтани (волнени, свилени, златни и сребрени), бикма (свилена и сребро), светки и разни видови ширити кои ги изработувале други занаетчии. Покрај гајтаните од сребрени и златни нитки, многу се користеле и црвените, зелените и сините жици.[4]

Разликата помеѓу терзија и абаџија била во материјалот, кројот и начинот на украсување. Терзиите шиеле главно за градското население, а абаџиите за селското население.

Терзиската работа се одвивала по следниот редослед: испишување на украсот со сапун на материјалот (пред везење), пришивање на хартијата од задната страна на материјалот на кој се врши везот, потоа самиот чин на везење и на крајот пеглање и поставување на поставата од наличјето.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Izrađivač stare nošnje (terzija i abadžija)“. vodiczaosnovce.nsz.gov.rs. Посетено на 20 март 2023.
  2. „БЕЗ АЛАТА НЕМА НИ ЗАНАТА“. muzejleskovac.rs. Посетено на 20 март 2023.
  3. „Све, све али занат“ (PDF). jagodina.museum. Посетено на 20 март 2023.
  4. 4,0 4,1 „Stari zanati u Srbiji: Terzijski zanat“. srbin.info. Посетено на 20 март 2023.