Кирчо Поплазаров (Радовиш, 1946 - 28 март 2007) бил истакнат македонски пејач.[1]

Кирчо Поплазаров
Роден 1946
Радовиш, Македонија
Починал 28 март 2007

Кариера уреди

Кирчо Поплазаров бил прв победник на најстариот фестивал на новосоздадена народна песна „Валандово“. Неговата песна „Лична валандовчанка“ е првиот победник од публиката во 1985 година на тогаш дебитантскиот Фолк Фест Валандово“. Потоа имал уште неколку настапи на овој фестивал, со песни како што се „Кажи само една дума“ и „Цела тајфа бевме Лино“, но песната „Лична валандовчанка“ останала белег со кој секоја година се отворал фестивалот во Валандово.

Ориентацијата кон фолкот е пресврт во кариерата на Кирчо Поплазаров, кој своето делење на животот со музиката го започнал како пејач на забавни мелодии, па имал и неколку забележителни настапи на Скопскиот фестивал во текот на седумдесеттите години. Најзначајно од оваа „забавно-музичка“ фаза на Кирчо Поплазаров е членувањето во групата „Македонија“, која ја сочинувале најпопуларните македонски пејачи во тоа време. Покрај официјалната фестивалска музичка кариера, Кирчо Поплазаров им останал во сеќавањето на постарите скопски боеми и како пејач со голем репертоар.

Посмртно добил награда за животно дело на 10-тото јубилејно издание на фолк фестивалот „Роса“.[2]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди