Географија на Кирибати
Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 км2 и население од 105.432 според проценките за 2005 година.
Податоци
уреди- Местоположба
- Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се 1°25′N 173°00′E / 1.417° СГШ; 173.000° ИГД.
- Површина
-
- вупно: 771 km2 (298 ми)
- копно: 771 км2
- вода: нема
- Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи.
- Морски територии
-
- ексклузивна економска зона: 370 km
- територијални води: 22 km
- Копнени граници
- нема
- Брег
- 1,143 kм (3,750,000 ст)
- Клима
- тропска клима со топли и суви периоди.
- Релјеф
- Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени.
- Надморска височина
-
- најниска точка: Тихи Океан 0 m
- највисока точка: Банаба 81 м (266 ст)
- Природни ресурси
- фосфат
- Употреба на земјиште
-
- обработливо: 0%
- постојани насади: 51%
- постојани пасишта: 0%
- шуми: 3%
- друго: 46% (проц. за 1993)
- Природни непогоди
- во државата се појавуваат тајфуни, обично од ноември до март. Поради малата надморска височина на островите, државата може да биде потопена.
Крајни точни
уредиКрајните точки на Кирибатите се:
- северна точка – Тераина, Линиски Острови
- источна точка – Каролински Остров, Линиски Острови
- јужна точка – Флинтски Остров, Линиски Острови
- западна точка - Банаба
Демографија
уредиНајголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.
Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.
Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.