Каролински Остров
- Не е исто со Каролински Острови.
Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за првпат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во XIX и XX век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовниот појас). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовниот појас, а островот е најисточен во државата.
Географија
уредиКаролинскиот Остров е најјужноисточен атол во Линиските Острови. Атолот е составен од 39 мали островчиња и има тесна лагуна која има вкупна површина од 6.3 км2. Копното има вкупна површина од 3.76 км2, а заедно со лагуната и коралниот гребен има вкупна површина од 24 км2. Надморската височина на островот е 6 метри.
Галерија
уредиНаводи
уреди- Bennett, Frederick Debell (1970). Narrative of a Whaling Voyage Round the Globe From the Year 1833–1836. New York: Da Capo Press. ISBN 90-6072-037-7.
- Bryan, E.H. (1942). American Polynesia and the Hawaiian Chain. Honolulu: Tongg Publishing Company. (Text of "Caroline Island" chapter online at: „Caroline Island (Millennium Island), Line Islands, Republic of Kiribati“. Jane's Oceania Home Page. Архивирано од изворникот на 2012-04-11. Посетено на 2012-03-14.)
- Falconer, Ron (2004). Together Alone. Australia: Bantam Books. ISBN 1-86325-428-5.
- Kepler, A.K.; C.B. Kepler (1994). „The natural history of the Caroline Atoll, Southern Line Islands“. Atoll Research Bulletin. 397–398. Архивирано од изворникот на 2006-09-09. Посетено на 2012-03-14.
- Scott, D.A. (1993). A Directory of Wetlands in Oceania. Slimbridge, UK: International Waterfowl and Wetlands Research Bureau. ISBN 0-9505731-2-4. (Text of "Caroline Island" profile online at: „Caroline Atoll“. Protected Areas and World Heritage Programme Profiles. Архивирано од изворникот на 2008-02-10. Посетено на 2012-03-14.)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Програма за заштитени области Архивирано на 10 февруари 2008 г.
- Атолот на Living Archipelagos
- Атолто на Oceandots Архивирано на 23 декември 2010 г.
- Карта на атолот Архивирано на 23 декември 2010 г.