Тераина
Тераина (кирибатски и англиски: Teraina) или Вашингтон (Washington Island) е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Низ историјата островот бил познат и под други имиња како што се Проспект или Њујорк. За разлика од типичните атоли, Тераина има извор на свежа вода, односно езерото Вашингтон, кое се наоѓа во шума од кокосови дрва. Езерото е единственото езеро со постојана свежа вода на Кирибатите.[1]
Димензиите на островот се 5.4 со 2.1 километри и има вкупна површина од 14 км2.[1] Општо гледано островот е низок каде највисоката точка е 5 метри надморска височина. Во источниот дел од островот се наоѓа главниот островски центар Тангкоре. Според податоците од 2006 година, на островот живеат околу 1200 жители[2]
Демографија
уредиНаселението на Тераина живее во 9 села. Во 1978 година на островот имало 416 жители, а во 1990 година биле избрани 936 жители. Табелата ги вклучува селата со податоци од пописот од 2005 година.
број | село | население (попис од 2005[2]) |
---|---|---|
1 | Абајанг | 91 |
2 | Кауамвемве | 106 |
3 | Утеуте | 72 |
4 | Кајтера | 34 |
5 | Тангкоре | 203 |
6 | Матанибике | 191 |
7 | Арабата | 190 |
8 | Мвакејтари | 92 |
9 | Онауеја | 176 |
Тераина | 1,155 |
Наводи
уредиКористена литература
уреди- Kiribati National Statistics Office (KNSO) (2006): 2005 Census of Population and Housing (provisional results).
- BirdLife International (BLI) (2007): Rimitara Lorikeet Species Factsheet. Retrieved 2008-FEB-24.
- Bryan, E.H. Jr. (1942): American Polynesia and the Hawaiian Chain (2nd ed.). Tongg Publishing Company, Honolulu, Hawaii.
- Parliament of Kiribati (POK) (2007): Constitution of Kiribati Архивирано на 18 февруари 2012 г.. Version of 2007-SEP-10. Retrieved 2007-OCT-10.