Флинтски Остров
Флинтскиот Остров (англиски и кирибатски: Flint) е ненселен корален атол во Кирибатите. Атолот е дел од Линиските Острови. Островот за првпат бил забележан во 1801 година, но не е познато кој го „открил“. Низ историјата островот бил и под британска и под американска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата океанска држава.
Географија
уредиОстровот се наоѓа на околу 740 километри северозападно од Тахити, 190 километри југоисточно од Восток и 220 километри југозападно од Каролинскиот Остров. Островот има вкупна површина од 3 км2 и има надморска височина од 8 метри. Околу островот има корален гребен, па поради тоа закотвувањето бродови е доста отежнато.
Галерија
уреди-
Плажа на Флинтскиот Остров
-
Гребен околу островот.
-
Едно од плитките езера на островот.
-
Вегетација на островот.
-
Дрво „псионија“ на островот.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Информации за Флинтскиот Остров Архивирано на 24 јуни 2004 г.
- Флинтски Остров Архивирано на 25 септември 2016 г.