Игра на прозорец
„Игра на прозорец“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Игра на прозорец
- Коле го бара своето автомобилче
- Лубеница
- Слатко
- Гостинчиња
- Желба голема како автобус и црвена како автобус
- Ах тоа маче
- Ноќта е жедна за таква смеа
- Тајна
- Томе будилникот
- Езерско волкче
- Дете и птица
Технички податоци
уредиЗбирката „Игра на прозорец“ била објавена како заедничко издание на неколку издавачки куќи: Мисла, Наша книга, Македонска книга, Култура и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за трето одделение во основното образование на СР Македонија така што доживела повеќе изданија. Изданието од 1990 година има 80 страници и било отпечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“. Илустрациите во книгата се дело на Божидар Дамјановски, а Александар Каевски ја обликувал корицата и го извршил графичкото уредување. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, Скопје (на самата книга по грешка е ставена каталогизацијата на книгата „Јаготки“ на Цане Андреевски), но без меѓународната ознака ISBN.[2]