Гдањско пристаниште

Гдањско пристаниште (полски: Port Gdańsk) — пристаниште на јужниот брег на Гдањскиот Залив во градот Гдањск, Полска. Се протега долж устието на Висла наречено Мртва Висла и Пристанишниот Канал. Претставува едно од најголемите пристаништа на Балтичкото Море.

Гдањско пристаниште
Port Gdańsk
Влезот кон Внатрешното пристаниште
Местоположба
ЗемјаПолска
МестоГдањск
Координати53°54′11″N 14°15′05″E / 53.90306° СГШ; 14.25139° ИГД / 53.90306; 14.25139
Податоци
СтопанисувачУправа на Гдањското пристаниште
СопсвеникВлада на Република Полска
Водна површина412,56 ха
Копнена површина653 ха
Големина1065.56 ха
Статистики
Годишна товарна тонажа 30 милиони тони (2013)
Годишен контејнерски обем 1.200.000 (2013)
Портал
portgdansk.pl
Контејнерски терминал
Поглед на Гдањското пристаниште од главниот јарбол на едреникот „Фредерик Шопен“

Пристаништето е поделено на два дела, наречени Внатрешен и Надворешен.

Внатрешно пристаниште

уреди
  • Port of Gdansk Cargo Logistics S.A. — сеопшт стопанисувач со пристаништето товарни и складишни услуги за кабаста и општа стока
  • контејнерски терминал
  • траектни терминали
    • „Полферис“
    • „Вестерплате“
  • терминал за фосфати
  • терминал за течен и кабаст сулфур
  • терминал за овошје

Пристаништето има посебна опрема за товарни работи и инфраструктура, овозможувајќи работа со жито, ѓубрива, дрвена граѓа, руда, челик и контејнери, како и опслужување и поправка на пловила од типот „ро-ро“.

Надворешно (Северно) пристаниште

уреди

Северното пристаниште (Надворешно пристаниште) е сместено во подлабок дел, непосредно во Гдањскиот Залив. Тука се поправаат и опслужуваат големи бродови со носивост до 300.000 тони и надлегнатост до 15 м кои влегуваат во Балтичкото Море.

  • терминал за јаглен
  • Нафтопорт — терминал за сирова нафта, горива и огревни масла
  • терминал за течен нафтен гас (ТНГ)
  • длабок контејнерски терминал

Претовар

уреди
  • 1978 — 27,7 милиони тони
  • 2000 — 16,5 милиони тони
  • 2001 — 17,8 милиони тони
  • 2002 — 17,4 милиони тони
  • 2003 — 21,3 милиони тони
  • 2004 — 23,3 милиони тони
  • 2005 — 23,3 милиони тони
  • 2006 — 22,4 милиони тони
  • 2007 — 19,8 милиони тони
  • 2008 — 17,8 милиони тони
  • 2009 — 18,9 милиони тони[1]
  • 2010 — 27,2 милиони тони[2]
  • 2011 — 25,3 милиони тони[1]
  • 2012 — 26,9 милиони тони[1]
  • 2013 — 30,0 милиони тони (рекорд)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Статистики за бродскиот товар, portgdansk.pl.
  2. [1] Архивирано на 24 мај 2018 г. portgdansk.pl.

Надворешни врски

уреди

54°22′50″N 18°39′30″E / 54.38056° СГШ; 18.65833° ИГД / 54.38056; 18.65833