Жиронда (француски: Estuaire de la Gironde) – естуар во југозападна Франција, формиран од реките Дордоња и Гарона северно од Бордо, чии води на крајот се влеваат во Бискајскиот Залив. Со површина од 635 [[км2]] (должина 75 км, ширна 3 до 12 км) е најголем меѓу естуарите во Западна Европа. Според него е именуван департманот Жиронда, кој претежно се наоѓа јужно од него. Северно од естуарот лежи департманот Шарант-Маритим.

Поглед на естуарот Жиронда со реките Дордоња (десно) и Гарона (лево). Фото: Чел Хил (Chell Hill), 2010

Подрачје на естуарот Жиронда

уреди

45°16′01″N 0°42′39″W / 45.26694° СГШ; 0.71083° ЗГД / 45.26694; -0.71083

 

Естуарот почнува од точката Бек д’Амбес (француски: Bec d'Ambès) каде се здружуваат реките Дордоња и Гарона, а завршува со точките Поант де ла Негад (француски: Pointe de la Négade) на левиот брег на естуарот (точка на влевање во Бискајскиот Залив) и Поант де ла Кубр (француски: Pointe de la Coubre) на десниот брег на естуарот. Морската граница се протега од точката Поант де Грав (француски: Pointe de la Grave) на левиот брег, до Поант де Сизак (француски: Pointe de la Suzac) на десниот брег на естуарот[1].

Во естуарот се наоѓаат бројни острови кои заради силниот воден тек и засипувањето претрпеле неколку промени.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди