Лот (река)
Лот (француски: Lot), изворно: Олт (окситански: Òlt; латински: Oltis) — река во Франција, десна притока на Гарона. Извира во Севените, а завршува во Гарона кај Егијон, со вкупно течение од 481 км. По неа се наречени департманите Лот and Лот и Гарона.
Лот | |
---|---|
Лот во Каор | |
Изворно име | Lot (француски) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Севени |
• координати | 44°30′54″N 3°47′05″E / 44.51493° СГШ; 3.78462° ИГД |
• надм. вис. | 1.499 м |
Устие | |
• место | Гарона |
• координати | 44°19′0″N 0°20′6″E / 44.31667° СГШ; 0.33500° ИГД |
Должина | 481 км |
Големина на сливот | 11.254 км2 |
Проток | |
• просечен | 155 м²/с |
Особености на сливот | |
Течение | Гарона→ Атлантски Океан |
Реката е подложна на поплавување зиме и напролет, и има поголем број брани во горниот слив, претежно на Тријер, кои даваат енергија од стратешко значење за електростопанството на земјата и туризмот во регионот. Во 1970-тите во Деказвил и Каор започнале иницијативи за обнова на преводниците со цел да се овозможи повторна пловидба по реката.
Главни притоки
уреди- Лед (кај Вилнев на Лот)
- Селе (кај Кабререт)
- Тријер (во Антрег на Тријер)
- Колањ (во Ле Монастје Пен Морјес)
Департмани и градови
уредиЛот тече низ следниве департмани и населени места: Лозер (Манд), Кантал, Аверон (Антрег на Тријер, Флањак, Капденак-Гар), Лот (Каор) и Лот и Гарона (Вилнев на Лот, Егијон).
Пловидба
уредиПочнувајќи од средниот век, по реката се одвивала трговска пловидба меѓу Антрег and Гарона на растојание од 297 км, користејќи пловила со рамно дно наречени „габари“. Кон крајот на XVII век Жан Батист Колбер спровел мерки за подобрување на пловидбата, а од 1840 г. се јавила потреба за понатамошна канализација, бидејќи јагленокопите кај Деказвил станале значаен добавувач на гориво за погоните во Индустриската револуција. По должина од 270 км се изградени над 75 јазови и преводници, кои воделе до Букес кај Деказвил. Изградбата на железницата од Монтобан до Капденак во 1858 г. извесно време немала значајни последици по стопанската пловидба по реката, туку истата е проширена со нови канали за да се заобиколат речните свиоци кај Лизеш, Кажарк, Монбрен и Капденак. Во 1869 г. ова се променило, со отворање на железнички правци крај поречието, и пловидбата целосно е напуштена до 1926 г. Во 1971 г. е основано здружение за обнова на пловноста за туристички цели. Првиот потег од 64 км е обновен во 1990 г, а до денес се отворени три потега. Долгорочниот план за нивно поврзување е откажан поради недоволна политичка волја и средства.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Edwards-May, David (2012). „Filling gaps on the river Lot“. Inland Waterways International.
Извори
уреди- Лот: хидрологија, тек, квалитет на водата и други податоци — база „Сандр“ (француски)
- Le Lot, Waterways Guide No. 05. Editions du Breil. ISBN 978-2-913120-34-1
- Edwards-May, David (2010). Inland Waterways of France, 8th edition. Imray, pp 117–126. ISBN 978-1-846230-14-1
- McKnight, Hugh (2005). Cruising French Waterways, 4th Edition. Sheridan House. ISBN 9781574092103.
- Jefferson, David (2009). Through the French Canals. Adlard Coles Nautical. p. 275. ISBN 978-1-4081-0381-4.
Надворешни врски
уреди„Лот (река)“ на Ризницата ? |
- Лот (долна, средна горна) со карти, места, пристани и други податоци — портал „Француски водни патишта“ (англиски)