Галон
Галон (крат. gal) е мерка за зафатнина што денес се користи претежно во САД и Британија и разни делови од западна Европа. Во минатото неговата вредност се разликувала во зависност од суровината што се мери и географското подрачје, но денес во повеќето земји е заменет со литарот. Во употреба се три варијанти на галонот: империјален (≈ 4,546 л), кој денес е неофицијална мерка во Британија и полуофицијална во Канада, американскиот течен галон (≈ 3,79 л) и поретко употребуваниот американски сув галон (≈ 4,40 л).[1] Наоѓа примена и во други земји од англиското говорно подрачје.
Дефиниции
уредиВо империјалниот систем има само еден галон, но американскиот разликува два (течен и сув).
- Империјален галон
Империјалниот (британски) галон се дефинира како 4,54609 литри и наоѓа примена во земјите од Комонвелтот. Прамерката на овој галон е 10 фунти вода при температура од 62 °F (17 °C). (Американскиот течен галон тежи околу 8,34 фунти на истата температура.) Империјалната течна унца претставува 1⁄160 од империјалниот галон.
- Американски течен галон
Американскиот галон, еднаков на 3,785411784 литри, е законски пропишан како зафатнина од 231 кубни инчи.[2][3] Се дели на 4 кварти; квартата има по 2 пинти, а секоја пинта по 16 течни унци. За да се избегнат неточностите при ширење/собирање на течноста на дадени температури, честопати заедно со износот се прибележува и температурата при која течноста ја има наведената зафатнина. На пример, во трговијата со бензин[4] и алкохолни пијалаци,[5] количините се даваат при температура од 60 °F (16 °C).
- Сув американски галон
Овој галон изнесува една осмина од американскиот „винчестерски“ шиник (бушел) од 2150,42 кубни инчи, што значи дека е еднаков на точно 268,8025 кубни инчи или 4,40488377086 л. Сувиот галон се употребува поретко и не е пропишан со закон, кој од сувата кварта преоѓа веднаш на пекот.[6]
Употреба на галонот во светот
уредиИмперијалниот галон наоѓа примена во секојдневниот живот (и во рекламирањето) во Велика Британија, Ирска и (поретко) во Канада. Со него се изразува потрошувачката на гориво на возилата во рекламите и службените прописи.[7][8][9]
Империјалниот галон се користи за изразување на количина на гориво во Антигва и Барбуда, Гвајана и, до неодамна, во ОАР.[10] Американскиот галон пак, е застапен во Белиз, Гватемала, Гренада, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Колумбија, Либерија Мјанмар, Никарагва, Панама, Перу, Порторико, САД, Хаити и Хондурас.[11]
Наводи
уреди„Галон“ на Ризницата ? |
- ↑ „галон“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ NIST Handbook 44 - 2012 Appendix C "General Tables of Units of Measurement" page" C-5 "Units of Liquid Volume"
- ↑ Uniform Laws and Regulations in the areas of legal metrology and engine fuel quality (PDF). US Department of Commerce, National Institute of Standards and Technology. 2011. стр. 9–13, 69.
- ↑ State of New Hampshire Dept of Weights and Measure
- ↑ 27 CFR section 5.21
- ↑ Authorized tables, US Code, Title 15, ch. 6, subchapter I, sec. 205, пров. на 19 јули 2008
- ↑ [1]
- ↑ Statutory Instrument 2001/3523 Environmental Protection - The Passenger Car (Fuel Consumption and CO2 Emissions Information) Regulations 2001 (PDF). The Stationery Office. 30 октомври 2001. ISBN 0-11-038743-0. Посетено на 1 декември 2011.
- ↑ „Energy Map“. Sustainable Energy Authority of Ireland. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 1 декември 2011.
- ↑ Badih, Samia (30 декември 2009). „Petrol stations in UAE go the metric route“. Gulf News. Посетено на 11 септември 2012.
- ↑ „International Fuel Prices 2010/11 - 7th Edition“ (PDF). GTZ Transport Policy Advisory Services on behalf of the [German] Federal Ministry for Economic Cooperation and Development. стр. 100. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-12. Посетено на 16 јануари 2012.