Галатеја (месечина)

месечина на Јупитер

Галатеја (или Нептун VI) — четврта по близина внатрешна месечина на Нептун. Наречена е по Галатеја, една од Нереидите од старогрчката леганда во која напусто бил заљубен киклопот Полифем.

Галатеја
Галатеја гледана од „Војаџер 2
Откривање
ОткривачСтивен Синот[1] и екипата за слики на „Војаџер“
Откриенојули 1989
Ознаки
Наречена по
Галатеја
Орбитални особености[2][3]
Епоха 18 август 1989
61 952.57  км
Занесеност0,00022 ± 0,00008
0,42874431 ± 0,00000001 д
Наклон
  • 0,052 ± 0,011° (кон Нептуновиот екватор)
  • 0,06° (кон месната Лапласова рамнина)
Месечина наНептун
Физички особености
Димензии204×184×144 км (±~10 км)[4][5]
Среден полупречник
87,4 ± 4,9 км[3]
Зафатнина~2,8×106км³
Маса2,12 ± 0,08 ×1018 кг[6]
Средна густина
~0,75 г/см³ (проц.)[7]
~&100000000000000180000000,018 м/с2[а 1]
~0.056 км/с[а 2]
синхроно
нула
Албедо0,08[4][7]
Температура~51 K (средна проц.)
21,9[7]

Откривање

уреди
 
Галатеја во бледиот прстенов лак близу Нептун.

Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. според сликите направени од сондата „Војаџер 2“ и ја добила привремената ознака S/1989 N 4.[8] Откритието е објавено на 2 август истата година, а трајното име го добила на 16 септември 1991 г.[9]

Физички својства

уреди

Галатеја има неправилен облик и нема знаци на каква било геолошка изменетост. Веројатно е дека се работи за збировит отпад составен од парчиња од првобитните Нептунови месечини, кои се судриле поради растројувања од месечината Тритон наскоро по нејзиниот зфат во многу занесена првична орбита.[10]

Орбита

уреди

Орбитата на Галатеја лежи под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, така што таа бавно се врти навнатре под дејство на плимно забавување, и со време може да се судри со планетата или да се распарчи во нов планетарен прстен откако ќе ја премине својата Рошова граница под дејство на плимно растегнување.

Галатеја е пастирска месечина за Адамсовиот прстен кој е 1.000 км вон својата орбита. Резонанциите со Галатеја се во сооднос 42:43 и се сметаат за најверојатниот механизам со кој се заробени уникатните лакови кои постојат во прстенот.[11] Нејзината маса е проценета врз основа на радијалните растројувања кои ги предизвикува во прстенот.[6]

Белешки

уреди
  1. Површинската гравитација изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: Gm/r2.
  2. Втората космичка брзина изведена од масата m, гравитациската константа G и полупречникот r: 2Gm/r.

Бидејќи Галатеја има неправилен облик, вистинската површинска гравитација и втора космичка брзина значително се разликуваат од едно место до друго.

Наводи

уреди
  1. Planet Neptune Data http://www.princeton.edu/~willman/planetary_systems/Sol/Neptune/
  2. Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.
  3. 3,0 3,1 Showalter, M. R.; de Pater, I.; Lissauer, J. J.; French, R. S. (2019). „The seventh inner moon of Neptune“ (PDF). Nature. 566 (7744): 350–353. Bibcode:2019Natur.566..350S. doi:10.1038/s41586-019-0909-9. PMC 6424524. PMID 30787452. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-02-22. Посетено на 2021-06-20.
  4. 4,0 4,1 Karkoschka, Erich (2003). „Sizes, shapes, and albedos of the inner satellites of Neptune“. Icarus. 162 (2): 400–407. Bibcode:2003Icar..162..400K. doi:10.1016/S0019-1035(03)00002-2.
  5. Williams, Dr. David R. (22 јануари 2008). „Neptunian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). Посетено на 13 декември 2008.
  6. 6,0 6,1 Porco, C.C. (1991). „An Explanation for Neptune's Ring Arcs“. Science. 253 (5023): 995–1001. Bibcode:1991Sci...253..995P. doi:10.1126/science.253.5023.995. PMID 17775342. S2CID 742763.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 24 октомври 2008. Посетено на 13 декември 2008.
  8. Marsden, Brian G. (2 август 1989). „Satellites of Neptune“. IAU Circular. 4824. Посетено на 29 октомври 2011.
  9. Marsden, Brian G. (16 септември 1991). „Satellites of Saturn and Neptune“. IAU Circular. 5347. Посетено на 26 октомври 2011.
  10. Banfield, Don; Murray, Norm (октомври 1992). „A dynamical history of the inner Neptunian satellites“. Icarus. 99 (2): 390–401. Bibcode:1992Icar...99..390B. doi:10.1016/0019-1035(92)90155-Z.
  11. Namouni, F.; C. Porco (2002). „The confinement of Neptune's ring arcs by the moon Galatea“. Nature. 417 (6884): 45–7. Bibcode:2002Natur.417...45N. doi:10.1038/417045a. PMID 11986660. S2CID 4430322.

Надворешни врски

уреди