Нереиди
Нереиди („ќерки на Нереј“) — во старогрчката митологија биле морски нимфи, педесетте (34 според Хомер) ќерки на морскиот старец Нереј и Дорида. Нивните имиња укажуваат на варијабилноста, длабочината, брзината и страста на морето. Познати нереиди се: Амфитрита (сопругата на Посејдон), Аретуза, Галатеја (која долго време била прогонувана од киклопот Полифем), Калипсо, Панопеја, Псамата, Тетида (мајката на Ахил). Тие се населиле во „внатрешното море“ на брегот каде живееле луѓето (за разлика од Океанидите кои живееле во надворешното море, означувајќи го крајот на светот). Нереидите живееле во сребрени пештери на морското дно, се занимавале со музика и танц, а во месечевите ноќи заминувале на брегот за да пеат, танцуваат. Нереидите биле сочувствителни кон морнарите, забавувајќи ги со своите игри и им помагале во опасност. Тие им помогнале на Аргонаутите да поминат меѓу Симплагадите.
Нереидите во уметноста
уреди- „Нереида“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[1]
Наводи
уреди- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 65.
Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |