Вршидба или вршење – дејство на раздвојување на зрната на житото од класот со помош на чукало или вршалка.[1] Тоа е чекор во подготовката на житото по жнеењето а пред веење, кое го одделува житото од плевата. Вршењето не ги двои триците од житото, истото се прави при мелењето.[2]

Вршидба со коњи во Бугарија
Вршидба на ориз во Бангладеш

Вршидбата може да се врши со удирање по снопјата распослани на гумно користејќи вршило. Друг традиционален метод на вршидба бил со газење на снопјата распослани на гумно со коњи, магариња или волови кои се вртат во круг околу стожер. Модерна верзија на вршење во некои области е да се распостели житото на површината на патот, па зрната се двојат од класјето со газењето на тркалата на возилата што минуваат.[3]

Рачното вршење било макотрпен процес кој одземал многу време.[4] Во доцниот 18 век, пред вршењето да биде механизирано, четвртина од земјоделскиот труд отпаѓал на вршењето.[5]

Индустријализацијата на вршидбата започнала во 1786 година со пронаоѓањето на вршилката од страна на Шкотланѓанецот Ендру Мекле. Денес, во развиените подрачја, вршењето е машинско, обично со комбајн, кој го жнее, врши и вее житото додека сè уште е в поле.[6][7]

Житото може да се чува во амбари или силоси.

Во минатото, вршидбата се празнувала. Денес, првична намена на вршењето генерално исчезнала, иако традицијата преживеала во некои општества.[8][9][10]

Традиционално, во Македонија и на Балканот, вршидбата најчесто се изведувала со животни кои ги газеле снопјето распослани на гумното околу стожерот, по што земјоделците ги одвојувале зрната од сламата. Сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи, а житото се веело и потоа складирало во амбари. На крајот на вршидбата обично се празнувало и гоштавало.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „вршидба“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „threshing“.
  3. M. Partridge, Farm Tools through the Ages (1973)
  4. Atack, Jeremy; Passell, Peter (1994). A New Economic View of American History. New York: W.W. Norton and Co. стр. 282–3. ISBN 0-393-96315-2.
  5. Clark, Gregory (2007). A Farewell to Alms: A Brief Economic History of the World. Princeton University Press. стр. 286. ISBN 978-0-691-12135-2.
  6. „Andrew Meikle (1719-1811) engineer and inventor of the threshing machine, the predecessor of the combine harvester“. Scottish Engineering Hall of Fame. Посетено на 5 April 2015.
  7. „The Threshing Machine -- Separation of Grain from Stalks and Husks“.
  8. „home“. Архивирано од изворникот на 2019-04-10. Посетено на 2019-05-07.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-01-05. Посетено на 2021-08-11.
  10. „Welcome to the Donnelly Threshing Bee“.

Надворешни врски

уреди