Чукалка

земјоделско орудие
(Пренасочено од Чукало)

Чукалка[1][2] или чукало[3][4] — стара земјоделска алатка која се користела за вршење на житото по жетвата со цел да се одвои зрното од сламата за понатамошна обработка на зрното.

Чукалка

Чукалката се состои од дрвен држач (рачка или рачка) на кој на гоџито со помош на елеастичен материјал (најчесто кожа) се прикачува пократко парче од грубо обработено тврдо дрво.

Вршењето се обавувало на гумна. Во средината на просторот на гумното се истоварале сноповите и се одрврзувале, а околу него стоеле вршачите со чукалки кои ги вртеле во воздух и со нив мавале по разврзаните снопови во правилен ритам, со што зрното се одвојувало од класот. Одвојувањето на зрната од плевата се правело со веење.

Наводи

уреди