Веење (жетва)

Веењеземјоделски метод развиен во античките култури за одвојување на зрната од плевата. Може да се користи и за отстранување на штетници од складирано жито.

Веење ориз, Утараканд, Индија
Користење на вила за веење

Во наједноставен облик веењето се состои од фрлање на мешавината од зрна и плева во воздух така што ветерот ја дува настрана плевата која е полесна, а зрната паѓаат за повторно долу и се собираат. Се користеле разни техники како посебно обликувана корпа која се тресела за да се подигне плевата или користење на вила или лопата за веење.

Во КинаУреди

 
Кинеска веалка од енциклопецијата Тијангонг Каиву (1637)

Во античка Кина, методот бил подобрено со развој на ротирачки вентилатор кој користел рачен вентилатор за добивање на воздушна струја.[1] Ова било претставено во книгата Нонг Шу од 1313 година.

Во ЕвропаУреди

Во саксонските населби како што е идентификуваната во Нортамберленд како Бедовиот Ад Гефрин [2] (денес Јеверинг) било покажано (со реконструкција на ископините) дека градбите имале влезови еден наспроти друг. Промајата создадена во амбарите од вака поставените врати се користела за веење.[3]

Техниката развиена од Кинезите била прифатена во Европа дури во 18 век, кога веалките користеле „едрени вентилатори“.[4] Вртливите вентилатори за веење биле донесени во Европа, од холандски морнари, меѓу 1700 и 1720 година. Очигледно ги добиле од холандската населба Батавија на Јава, Холандска Источна Индија. Швеѓаните ја донеле веалката од јужна Кина отприлика во исто време, а језуитите донеле неколку машини во Франција од Кина околу 1720 година.[5]

Во МакедонијаУреди

 
Веалка од 1839 година

Употребата на веалката во Македонија е документирана во 1938 година,ref>[Стари фотографии на Кавадарци – веење пченица 1938 година] на семрежното место на РТК</ref> иако најверојатно се користела и пред тоа.

Во 1950-тите и 1960-тите веењето житни култури во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.

НаводиУреди

  1. The Question of the Transmission of the Rotary Winnowing Fan from China to Europe: Some New Findings, Hans Ulrich Vogel, 8th International Conference on the History of Science in China
  2. Münzenberg, Hessen. Chapel and Palas (G.Binding, Burg Münzenberg, 1962)
  3. M.W.Thompson, The Rise of the Castle, (Cambridge University Press, 1991), 5–6.
  4. Broadcasting and winnowing, Antique Farm Tools
  5. Robert Temple, The Genius of China, p. 24