Жетва

(Пренасочено од Жнеење)

Жетва — постапка на собирање на узреаните посеви од полињата. Чинот на сечење на житарки или зрнести растенија се нарекува „жнеење“ [1] и се врши со рачни орудија (коса, срп) или со механизација (жнеалка или комбајн). [2] Жетвата го означува крајот на сезоната на узревање на посевот и истата има големо културно значење во народниот живот во сите земји. Најзначајни се жетвените празници и обичаи на кои се прославува бериќетната година, се благословува земјата и се изразува благодарност.

Жетва со комбајн.
Жетва на рака. Русија, 1910

Кај малите земјопоседници, жетвата се одвива со рачни орудија, а големите полиња се жнеат исклучиво со машини, т.е. автоматизирана земјоделска машинерија како што е комбајнот. Под поимот „жетва“ може да се подразберат и активностите непосредно по сечењето на растенијата како разладување, сортирање, чистење и пакување до моментот кога истите одат за откуп.

Жетвата како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. жетва - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. American Heritage Dictionary (IV. изд.). Boston: Houghton Mifflin Co. 2000. ISBN 0-618-08230-1.
  3. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 21.
  4. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14-15.
  5. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 78-79.
  6. YouTube, Neil Young - Harvest (пристапено на 13 март 2021)

Надворешни врски

уреди