Врбница
Врбница или Врница (албански: Vërnicë или Vërnica, Врница/Врмница) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци.
Врбница Vërnicë | |
---|---|
село | |
Координати: 41°25′24″N 20°31′38″E / 41.42333° СГШ; 20.52722° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Требишта |
Надм. вис. | 826 м |
Население (2007) | |
• Вкупно | 548 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Географија
уредиСелото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, во непосредна близина на државната граница која минува од север по сртот Мала Краста и од исток по падините на возвишението Ливаѓе. Патот на север од селото води до Џепиште во Општина Дебар.
Низ него тече Врбничка Река која извира јужно од селото, минува низ него во североисточен правец, ја преминува државната граница и се влева во Дебарското Езеро кај вијадуктот „Врбнички мост“ на патот Р1201 (Струга-Дебар).[1]
Историја
уредиВо 1823 г. е изградена денешната селска црква „Св. Ѓорѓи“[2] Во неа се чува икона на Пресвета Богородица од истакнатиот дебарски мајстор Дичо Зограф, изработена во 1853 г.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врбница (Verbnitza) е село со 30 домаќинства од 97 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врбница живееле 300 Македонци христијани.[4][6]
По податоци на Бугарската егзархија на крајот од XIX век во Врбица имало 37 православни куќи со 196 жители, Македонци. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Врбница (Varbnitza) имало 256 Македонци (сите под егзархијата) и во селото работело бугарско училиште.[7]
Во весникот „Дебарски глас“ се вели дека Врбница е чисто македонско село.[4][8] Според статистиката на весникот, во 1911 г. во Врница имало 32 македонски куќи, сите под егзархијата.[4][9] Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Врбица имало 37 македонски куќи со 196 жители, а во селото имало црква и училиште.[4][10]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија. За време на Првата светска војна работело училиште на македонски јазик каде учителствувал Софрени(ј) од Галичник, но кое кон крајот на војната било затворено.[11]
Во извештај на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Врбница е село со 37 македонски куќи. Во селото е запазено бугарското училиште кое работело сè до 1912 г.[4][12]
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Врбница се води како село со 42 куќи, сите православни македонски, и се вели дека ова е единственото преостанато наполно православно село во Голо Брдо.[4][13]
Во 1935 г. се во Врбница се отворило училиште на албански јазик со донесена учителка од Скадар, но наставата се одвивала со значајни потешкотии бидејќи децата воопшто не го разбирале јазикот. На барање на жителите, во 1945-46 г. во селото е повторно отворено училиште на македонски јазик, кое работело сè до влошувањето на односите помеѓу Албанија и Југославија во 1948 г. кога е затворена и границата. Во него учителствувале Милан и Живко Марковски од Модрич и Евгени Колиќев од Дренок, обете во Струшко. Потоа наставата била само на албански.[11]
Сè до 2015 г. селото било дел од Општина Требишта.
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1823 г.
Личности
уреди- Блаже Лазаров (1882 - ?) - македонско-одрински доброволец;[14]
- Устабаши Ѓорги (Герге) Стојанов — старател на црква во Солун во 1873 година[15]
- Коста Ангелов — македонско-одрински доброволец;[16]
- Павли Никола (1937 - 2018) — деец на Македонците во Албанија, автор на книги од областа на македонските обичаи, фолклор, традиции од реонот на Голо Брдо
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Требишка Река (9807302) — GeoNames
- ↑ „Црква од Голо Брдо, Православната Христијанска Мрежа во Северна Америка“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2014-09-23. Посетено на 2021-02-07.
- ↑ „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион“. Премин Портал. Посетено на 23 март 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, p.152-153.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 1, 5 април 1909, стр. 2.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
- ↑ Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
- ↑ 11,0 11,1 Никола, Павли Богдан (27 јануари 2013). „Вистината за македонското училиште во Врница, Голо Брдо“. Македониум.
- ↑ Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
- ↑ Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 400.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 647 - 648.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 30.