Вретено (предење)

Ова е објавената верзија, проверена на 31 октомври 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Вретено[1] – вид алатка на која при рачно предење се намотува преѓата. Предењето со помош на вретено и фурка е најстарата техника на предење која за предење на волна понекаде се задржала до ден-денес.

Предење со вретено (долу) и фурка (горе)

Опис

уреди
 
Вретена

Вретеното е дрвено стапче долго околу 40 см, со најголем пречник од околу 1 см кое кон краевите конусно се стеснува во два врвови.

Со вретено можат да се испредат кратки влакна од волна, лен, коноп и памук во цврста и долга нишка – преѓа.

При предењето, очистената и влачената волна најпрво се врзува на фурката, а потоа предачката ја преде така што постепено со прстите извлекува влакна од фурката и со вртење на вретеното ги усукува во континуирана нишка и ја намотува на него.

За порамномерно и побрзо вртење на вретеното, на истото се додавал прешлен кој можел да биде фиксен или да се вади.

Историја

уреди
 
Вретено од Стар Египет

Од праисторијата па сè до средниот век, предењето се вршело со користење само на две алатки, фурката и вретеното.

Најстарите докази за предењето датираат околу 5000 години п.н.е. Роданот, кој е измислен во Индија, во Европа дошол во средниот век и овозможил забрзување на процесот како и поголема рамномерност на преѓата.

Вретеното како тема во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. I. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 309. ISBN 9989-640-49-1. Вретено
  2. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 174-175.
  3. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 79.