Волшебниот стрелец

„Волшебниот стрелец“ (герм. "Der Freischütz") е опера во три чина на германски јазик. Композитор на оваа опера е Карл Марија фон Вебер (1786-1826), додека автор на либретото по мотивите на народните приказни е Јохан Фридрих Кинд. „Волшебниот стрелец“ денес се смета за една од првите опери од ерата на романтизмот.

Оваа опера ја имала својата премиера на 18 јуни, 1821 година во Кралскиот театар во Берлин. Операта веднаш доживеала успех, изведувана е ширум Европа и станала симбол на раѓањето на германската романтична опера.

Операта „Волшебниот Стрелец“ влијаела на многу оперски композитори, а посебно на Рихард Вагнер, кој се смета за Веберов музички наследник.

Дејствието се случува во Чешка, после Триесетгодишната војна, околу 1648 година.

Ликови

уреди
 
Литографија на сцената од операта „Волшебниот стрелец“ (Нирнберг, 1822 г.)
Ликови Глас
Отокар, чешки војвода баритон
Куно, шумар бас
Агата, неговата ќерка сопран
Еншен, Агатова роднина сопран
Каспар, млад ловец баритон
Макс, млад ловец тенор
Замијел, црн дух говорна улога
Килијан, богат селанец баритон
Пустиник бас
Четири слугинки сопран
Ловци, селани, слуги, дворјани

Содржина

уреди

Макс е заљубен во Агата, ќерката на шумарот Куно. Тој сака да го наследи Куно како шумар и да се ожени со Агата, но услов за тоа е да победи на натпреварот во стрелање. Во првиот обид не успева. Каспар ја продал својата душа на злобниот дух Замијел. Тој го уверува Макс да употреби магични куршуми за да победи, а Макс тоа го прифаќа.

Агата е нервозна, а Еншен ја смирува. Макс се појавува и веднаш заминува со објаснување дека оди да го бара еленот кој го убил во долината на волците. Таму, сред привидувања и чудни звуци, Каспар подготвува седум куршуми за Макс. Последниот од нив ќе се однесува по вољата на Замијел, но Макс тоа не го знае.

Агата се подготвува за свадбата со Макс. Ѝ се јавуваат ноќни мори, но Еншен повторно ја теши.

Користејќи ги тие шест магични куршуми, Макс победува на натпреварот во стрелање. Војводата му наредува да пука во бел галеб со својот седми куршум. Макс пука, галебот одлетува, а Агата паѓа неподвижна. Подоцна ѝ се враќа свеста и изгледа дека ја спасил Пустиникот. Се открива дека Каспар е мртов (го убил бесниот дух Замиел). Макс признава дека бил во сојуз со злобниот Замијел.

Со посредство на пустиникот, војводата му одредува симболична казна. Се најавува дека Макс и Агата ќе се венчаат за една година.

Оркестрација

уреди

Времетраење: околу 2 часа - 2 часа и 15 минути