Вода (река)
река во Воденско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Воденка)
Вода (или понекогаш Воденка; грчки: Βόδας, Водас или Εδεσσαίος, Едесеос) — река во Егејска Македонија, денес во Грција, по чие течение е сместен градот Воден.
Вода традиционално се образува од неколку потоци што извираа од планините Ниџе и Каракамен, но денес преку вештачки канал во неа истекува Островското Езеро. Над Воден на Вода е изградена акумулацијата Владовско Езеро. Во градот Воден реката ги образува познатите Воденски водопади. Се слива со Мегленица во областа Сланица и заедно продолжуваат во регуирал канал, кој пак се влева во реката Бистрица кај с. Колура, Берско.[1]
Поврзано
уреди- Ќупри — стар мост на реката при влезот во Воден
- Парк на водопадите
Наводи
уреди- ↑ Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 80
Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |