Парк на водопадите

парк во Воден, Егејска Македонија
(Пренасочено од Воденски водопади)

Парк на водопадите (грчки: Πάρκο των Καταρρακτών) — парк во градот Воден, Егејска Македонија, чија главна знаменитост се познатите Воденски водопади на реката Вода. Сместен е во источниот дел на градот, северно од старата градска населба Варош и зафаќа вкупно 10 хектари. На неговата јужна граница се сместени погоните на старата Воденска јажарница, денес прогласена за споменик на културата.[1] Во XIX век и подоцна тука се изградени и погони на други производни претпријатија.

Парк на водопадите
Πάρκο των Καταρρακτών
Водопад во паркот
Карта
МестоВоден, Егејска Македонија
Површина10 ха
Создаден1942
СтопанисувачОпштина Воден
Статусградски парк

Меѓу патеките на паркот е и стариот пат кој бил дел од познатата магистрала Вија Егнација[2] и ги поврзувал древниот град Едеса и Воденската тврдина (Варошот) со Солун сè до почетокот на XX век.

Историја

уреди

Водопадите се образувале во XIV век по пат на силна природна појава (можеби земјотрес). Поради ова, со време карпите напукнале и низ тие пукнатини се пробиле водите од езерото кое тогаш постоело во западниот дел на градот.[1]

 
Гробиштата на местото на идниот парк.

Подрачјето на паркот служело како градски гробишта сè до германската окупација за време на Втората светска војна. Летото 1942 г. Германците ги срушиле гробиштата и создале парковскиот простор со цветни леи, градини, засадиле дрјва и направиле две пливалишта за војниците.[1]

По крајот на војната паркот прешол во надлежност на општината, која се погрижила за неговото одржување и изградила инфраструктура за да го направи подостапен за граѓаните. Во 1960-тите донесено е решение паркот да се уништи и да се создаде друго езеро, чија електрана би давало повеќе електрична енергија. Поради остра реакција од јавноста и големи простести, владата на Константин Караманлис поднела оставка и Паркот на водопадите продолжил да постои.[1]

Во минатото имало 11-12 водопади, од кои денес се останати 7, а само 2 од нив се достапни за посетителите. Најголемиот водопат е наречен Каран (Κάρανος) и е висок 70 метри. Водите на водопадите немаат постојат тек, бидејќи се регулираат за потребите на хидроцентралата на недалечното Владовско Езеро.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Έδεσσα: Με τη δύναμη του νερού“. Η Διαδρομή. 4 јуни 2013. Посетено на 20 март 2018.
  2. „Archaeological Site of Edessa - GTP“. Посетено на 26 август 2018.

Надворешни врски

уреди

40°48′12″N 22°03′19″E / 40.8034° СГШ; 22.0553° ИГД / 40.8034; 22.0553