Влатадон

манастир во Солун

Влатадон (грчки: Μονή Βλατάδων) или Чауш-манастир[1]средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Денес е единствената преостаната градба на истоимениот манастир кој постоел во византиско и османлиско време. Денес манастирот е ставропигијален.[2] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[3][4][5]

Влатадон
Μονή Βλατάδων
Поглед на црквата
Карта
40°38′30.59″N 22°57′16.09″E / 40.6418306° СГШ; 22.9544694° ИГД / 40.6418306; 22.9544694
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
ЗавршенаXIV век
Управа
Епархијаставропигија
Живопис во ниша

Историја

уреди

Црквата се наоѓа о Горниот Град, на стрмен терен на улицата „Ептапиргио“. Манастирот е основан малку по средината на XIV век. Ктитори биле браќата монаси Доротеј и Марко Влатис (Δωρόθεος, Μάρκος Βλατής), ученици и следбеници на Григориј Палама. Посветен е на Христос Седржител и денес храмот го слави Преображението Христово на 6 август како свој празник. По османлиското освојување на Солун во 1430 г. манастирот е претворен во џамија. Ова траело кратко, и повторно станал црква, за во 1446 г. манастирот да добие султански ферман со посебни привилегии. Со време манастирот се стекнал со разни имоти го градот и вон него, како што се црквите „Пресв. Богородица Лагудјани“, „Св. Никола Сирак“ и „Св. Атанасиј“.[2]

Архитектура

уреди

Црквата е крстокуполен храм со осумаголна тулена купола во средиштето и затворен трем на западната, северната и јужната страна, завршувајќи со два параклиса на исток. Северниот параклис, северниот, западниот и нешто од јужниот дел на тремот се подоцнежни додавки, веројатно од 1801 г. Во 1907 г. е додаден отворен трем на југ имал портик на западната страна.[2]

Внатре има зачувани вредни фрески од 1360 – 1380 г., чиј стил се одликува со тржество, воздржани емоции и елегантни движења. Има бројни икони од XII до XIX век, мошти и голема збирка ракописи и документи, вклучувајќи царски хрисовули, патријаршиски сигилии и османлиски фермани.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.92
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Μονή Βλατάδων“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-06-29. Посетено на 11 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
  3. „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 юли 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 11 јули 2016.
  5. https://www.pemptousia.gr/2011/11/ta-patriarchika-monastiria-tis-makedo/. Занемарен непознатиот параметар |достъп_дата= (help); Занемарен непознатиот параметар |първо_име= (help); Занемарен непознатиот параметар |фамилно_име= (help); Занемарен непознатиот параметар |издател= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |дата= (help); Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди