Црква „Св. Никола Сирак“
Свети Никола Сирак (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου Ορφανού) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]
Свети Никола Сирак | |
---|---|
Αγίου Νικολάου Ορφανού | |
Поглед на црквата од југоисток | |
40°38′15.92″N 22°57′21.56″E / 40.6377556° СГШ; 22.9559889° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1310 - 1320 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Историја
уредиСпоред живописот, цркцата се датира меѓу 1310 и 1320 г. Денес црквата претставува еднособна градба со дрвен покрив и два параклиса. Фреските се сметаат за ремек-дело и се меѓу најцелосно и најдобро зачуваните во Солун. Меѓу другото, на нив е претставен животот на Свети Никола, некои од чудата на Христос, житието на Свети Герасим и други. Капителите се живописани. Фреските се откриени во 1957 - 1960 г. во текот на реконструктивните работи.[1]
Фрески
уреди-
Успение Богородично
-
Богородица во апсидата
-
Предавништвото на Јуда
-
Чудото на Свети Никола во морето
-
Свадбата во Кана
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ναός Αγίου Νικολάου Ορφανού“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 20 мај 2014.
- ↑ „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 11 јули 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола Сирак“ на Ризницата ?