Владиславово
Владиславово (полски: Władysławowo, кашупски/поморски: Wiôlgô Wies, германски: Großendorf) — град во Кашубија (во областа Померелија) на јужниот брег на Балтичкото Море, северна Полска. Во 2017 г. населението броело 10.009 жители[1].
Владиславово Władysławowo | |||
---|---|---|---|
Владиславово со пристаништето | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Поморско | ||
Округ | Пучки | ||
Општина | Владиславово | ||
Основан | XII век | ||
Станал град | 1963 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Роман Кужел | ||
Површина | |||
• Вкупна | 12,6 км2 (49 ми2) | ||
Население (2017) | |||
• Вкупно | 10.009 | ||
• Густина | 796/км2 (2,060/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 84-120 | ||
Повик. бр. | +48 58 | ||
Рег. таб. | GPU | ||
Мреж. место | wladyslawowo.pl |
Наречен е во чест на кралот Владислав IV Ваза (вл. 1632 - 1648) — основоположник на воената морнарица на Полска.
Преглед
уредиГрадот е седиште на истоимената општина во Пучки Округ на Поморското Војводство и претставува важен пристаништен град и мошне посетувано летувалиште. Во состав на градот се и делниците Цетњево и Почерњино, кои порано биле самостојни села.
Недалеку од Владиславово, во состав на неговата општина, се наоѓа селото Јастшембја Гура, што претставува најсеверното место во Полска.
Историја
уредиМестото е населено во XII век како рибарска населба. Во 1634 г. кога инженерот Фридерик Геткант ја проектирал тврдината Владиславово сместена на Хелскиот Провлак, неколку километри источно од денешниот град.
Население низ историјата
уреди- 1960: 3.900 жит.
- 1970: 7.900 жит.
- 1975: 9.200 жит.
- 1980: 10.600 жит.
- 2009: 15.000 жит.
- 2017: 10.009 жит.
Наводи
уреди- ↑ Податоци за Владиславово на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки (полски)
Надворешни врски
уреди„Владиславово“ на Ризницата ? |
- Портал на Владиславово — официјално мрежно место
- Острово
- Владек